За осудувањето (7)

Еден старец рекол: ако некој згреши пред тебе – не осудувај го, туку сметај се себеси за поголем грешник од него.

Старецот (Пимен) рекол: во Писмото е речено: не кажувај го она што твоите очи го виделе (Изреки 25,8); а јас ви советувам – не говорете дури ни за она што со вашите раце сте го допреле. Еден брат беше измамен вака: му се присторило дека неговиот брат греши со жена. Тој долго се борел со самиот себе, но потоа со оваа мисла, што ја имал, се приближил и ги турнал со ногата, велејќи: престанете веќе! Но, испаднало дека тоа било пченично класје. Затоа и ви реков: не разоткривајте, макар и да допрете со своите раце.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *