За гостољубието и милостината (2)

monahЕден брат отишол кај ава Пимен во втората седмица од Четириесетницата, му ги открил помислите и откако добил утеха му рекол: за малку ќе ја оставев намерата и немаше да дојдам денес тука. Старецот го прашал: зошто? Братот му одговорил: мислев дека заради Четириесетницата нема да ми ја отвориш вратата. Ава Пимен му рекол: ние не се научивме да ја затвораме дрвената врата, туку – јазикот.

Ава Касијан раскажувал: отидовме кај еден старец и тој ни предложи трпеза. Кога се наситивме, тој нè нудеше уште храна. Кога реков: не можам, старецот одговори: шестпати поставував трпеза на различни браќа што доаѓаа и, угодувајќи секому, јадев со нив, а и сега сум сè уште гладен. А ти, јадеше еднаш, се насити толку што не можеш да јадеш повеќе?

Еден брат отишол кај некој старец и на излегување му рекол: прости, ава, што те отклонив од твоето правило. Старецот му одговорил: моето правило е да те успокојам тебе и да те испратам со мир.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *