За воздржанието (4)

Раскажуваа за ава Зенон: скитајќи по Палестина, се уморил, па седнал покрај една бавча со краставици. Помислата му велела: земи една краставица и изеди ја, оти што има лошо во тоа? Но тој ѝ одговорил на помислата: зар не знаеш дека крадците ги казнуваат? Провери самиот, токму на ова место, ќе можеш ли да ја поднесеш казната? Откако станал, тој пет дена стоел на жештината, па откако се уморил, си рекол себе: не можам да ја поднесам казната! Потоа ѝ рекол на помислата: ако не можеш, тогаш не кради и не јади.

Ава Исаија рекол: посакувај повеќе да молчиш, отколку да зборуваш, зашто молчанието собира богатство, а зборливоста го растура.

Ава Јован Колов велел: ако некој цар посака да заземе непријателски град, тогаш најпрво ги задржува водата и залихите со храна, и на тој начин непријателот, умирајќи од глад, му се покорува. Така е и со телесните страсти: ако човекот живее во пост и глад, тогаш непријателите, бидејќи се обессилени, ја оставаат неговата душа.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *