Отечки изреки (5)

Подобро е да јадеш месо и да пиеш вино, а да не го јадеш братот со клевета.

ава Иперхиј

Имаше еден човек што јадеше многу и сè уште беше гладен, и друг што јадеше малку и беше наситен. Оној што јадеше многу и пак беше гладен прими поголема награда од оној што јадеше малку и се наситуваше.

отечка изрека

Имаше некој што го праша ава Пимен: како треба да се пости? Ава Пимен одговори: мислам дека може да се јаде секој ден, но по малку, да не се биде сит. – А ти, му рече ава Јосиф, кога беше млад, зар не постеше по два дена? – Точно, му одговори старецот, постев и по три дена, и по четири, и по цела недела – и старците, како силни мажи, го проверија сето тоа и откриле дека е подобро да се јаде секој ден по малку, и ни го предадоа нам тој пат, зашто тоа е царски пат, за нас удобен.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *