За поднесувањето на злото (2)

Ава Пимен рекол: над секоја тешкотија што ќе ти наиде, победата е – молчанието.

Некој видел како некој трудољубив носи мртовец на одар, па му рекол: ти носиш мртовци, оди носи живи (т.е. поднесувај навреди од живите).

Некој старец рекол: ако некој му памти на оној што го навредил, или обесчестил, или порекнал, или му причинил штета, тој треба да си спомнува за него, како за лекар, пратен од Христа, и треба да го смета за добродетел, а да се ожалостува од него е обележје на болната душа. Зашто, ако ти не би бил болен, тогаш не би страдал. Треба да се радуваш за таквиот брат, зашто преку него ќе ја осознаеш својата болест; треба да се молиш за него и да прифаќаш од него сè, како исцелувачки лек, пратен од Господа. Ако се разгневуваш против него, тогаш ти со сила Му велиш на Христа: не сакам да го примам Твоето лекување, туку сакам да гнијам во сопствените рани.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *