За воздржанието (3)

Старецот рекол: затоа ги отфрлам задоволствата, за да го пресечам поводот на плотскиот дух. Знам дека тој постојано се бори со мене, барајќи задоволства, го возмутува мојот ум и го изгонува разумот.

Еднаш Епифаниј, епископот Кипарски, пратил по ава Иларион и вака го молел: дојди да се видиме пред нашата разделба по тело! Кога дошол ава Иларион, тие се израдувале еден на друг. На трпезата била принесена птица и епископот, откако ја зел, му подавал на ава Иларион. Старецот му рекол: прости ми, откако го примив монашкиот образ не јадам ништо заклано. – А јас, пак, рекол Епифаниј, откако примив монашки образ не дозволував некој да заспие, а да има нешто против мене. Старецот рекол: прости ми! Твојата добродетел е поголема од мојата.

Раскажувале за ава Еладиј дека дваесет години поминал во Ќелија и не ги кренал своите очи нагоре, за да погледне дури и на црковниот кров.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *