За осудувањето (5)

Еден старец рекол: не осудувај блудник, макар и да си целомудрен, затоа што и самиот ти, исто како и тој, го престапуваш законот. Бидејќи Оној што рекол – не прави прељуба (Мт 5,27), исто така рекол и: не суди (Мт 7,1).

Имало двајца браќа во една киновија (заедница) и секој од нив се удостоил да ја види благодатта Божја кај својот брат. Еднаш се случило некој од нив да излезе од киновијата во петок и да види како некој јаде наутро. Тој му рекол: во петок јадеш во овој час? Следниот ден имало собрание и како и обично, братот го погледнал него и видел дека благодатта отстапила од него – па се нажалил. Кога дошол во ќелијата, му рекол: брате, што си направил? Зашто не ја гледам на тебе, како порано, благодатта Божја. – Јас, одговорил тој, ни на дело, ниту во помислите не наоѓам во себе нешто лошо. – Да не си кажал некаков збор? – му рекол братот. Тој, кога се присетил одговорил: да! Вчера видов еден како јаде наутро и му реков: ти во петок јадеш, во овој час? Еве го мојот грев! Туку, потруди се со мене две недели и помоли Го Бога да ми прости. Тие така и постапиле. По изминувањето на две недели, братот ја видел благодатта Божја повторно слегната на братот свој. Тие се утешиле и Му благодариле на Бога.

3 коментари

Напиши одговор на http://www./ Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *