Религија и наука (4): За инквизицијата (1)
Но, при разговорот за раѓањето на науката, никако да се избегне тој одбивен збор – инквизиција. А штом стана збор за инквизицијата (а кај световните луѓе секогаш за неа ќе се проговори, штом ќе се спомне за Црквата), тогаш да се задржиме повеќе на таа жалосна страница од црковната историја.
Веднаш ќе кажам дека токму читањето на современата окултна литература прави човек поинаку да се однесува кон инквизицијата и ловот на вештерки. Додека луѓето не веруваат во вештерки, маѓепсништво и уроци, ловот на вештерки се чини безумно дивјаштво, сугубо срамно за христијаните. Но, ако тоа е сериозно? Ако навистина е можно такво црно дејство врз човекот, за кое ни растојанието, ниту, пак, ѕидовите не претставуваат преграда? И ако навистина постојат луѓе, спремни да принесат и најстрашни жртви заради добивање на „црната благодат“?
Луѓето на Средновековието често ги обвинуваат за суеверија. Но, „суеверијата“ тие не ги исчитувале од Библијата и од патристичките творенија. Оговарањата ги рашириле тајните, кои излегле надвор од пределите на маѓепсничките кујни. Вештерките сами тврделе дека нив ништо не ги повредува, дека во оган не горат и во вода не тонат, и дека за некаква плата можат на секого магија да фрлат. Вештерките го убедиле народот, а потоа и ерарсите во својата реалност и во својата моќ. И следел одговор, следела реакција на општествена самозаштита.
Пред да ги обвините тие впечатливи христијани (или мене) за нетрпеливост и човекоомраза, обидете се сами да ја испрогнозирате својата реакција. Замислете си дека сте ѝ поверувале на информацијата на Блаватска дека „во старите времиња тесалиските маѓепсници крвта на црното јагне ја мешале со крв на новороденче и со помош на тоа ги повикувале сенките на умрените“[1]? А што, ако при вас вашата сосетка ја изрази својата решеност да ги возобнови древните магиски обреди[2] и рече дека духовите, кои неа ја учат, ја сметаат за маѓепсничка[3]?
Значи, самите вештерки се фалат со својот занает, при што честопати дури не ја маскираат својата антихристијанска иницијатива. И ако обичните луѓе им поверуваат, како тие да реагираат тогаш?
Не е само рускиот бунт „бесмислен и безмилосен“, туку секој. Луѓето искрено се плашеле од нечистите духови и верувале во реалноста на штетата од општењето со нив. „Судот на Линч“ во такви случаи самиот од себе пламнувал. Инквизиторите го откорнувале обвинетиот од раката на толпата и предлагале некаква формална процедура на испитување, во која можела и да го оправда (обвинетиот). И се оправдувале (како што се оправдала, на пример, од обвинението за маѓепсништво мајката на астрономот Кеплер).
Интересно е да се прочита на една иста страница од современ дневен весник: „Во епохата на Средновековието, кога во Европа пламтеле огновите на инквизицијата…“[4] и – информација за тоа дека „младото поколение на едно од кениските села решило да го следи примерот на средновековна Европа и направило хајка на вештерки“[5]. Зошто „примерот на Европа“? Освен тоа, дека во средновековна Европа немало лов на вештерки, треба да се знае уште и дека верата во маѓепсувањето е универзална, а поддржувачите на црната магија секаде биле гонети.
„Законите на Хамурапи“ на древниот Вавилон гласеле: „Ако некој човек обвинил човек за маѓепсништво и не го докажал тоа, тогаш оној, кој бил обвинет за маѓепсништво, треба да отиде при Божествената река и да се потопи во реката; ако реката го земе, неговиот обвинител ќе може да го земе неговиот дом. Ако, пак, реката го очисти човекот и тој остане неповреден, тогаш оној, кој го обвинил него за маѓепсништво, треба да биде убиен, а оној, кој се потопувал во реката, може да го земе домот на неговиот обвинител“[6]. Станува збор за ордалија – судско испитување низ потопување во вода. Водата го изобличувала виновниот со тоа што го давела; ако, пак, обвинетиот испливувал, тогаш тоа се сметало за доказ на неговата невиност. Кон ордалијата, веројатно, се пристапувало само во случај на престапи, на кои им се заканувала смртна казна, посебно при обвиненија за недозволено маѓепсништво и прељуба. Ако обвинението обвинителот не го докажал со факти и сведоци: според вавилонските гледишта, водата како чиста стихија со сигурност ќе го изобличи маѓепсникот и прељубникот[7]. „Притоа – пишува А. А. Немировски – треба да се има предвид, дека законите на Хамурапи не претставуваат исцрпувачки збир на правнички норми; на пример, во нив отсуствуваат делови, кои се однесуваат на најпростите престапи: обична кражба, убиство, маѓепсништво, иако присуствуваат норми поврзани со обвинуваните за такви престапи. Очигледно, нормите, кои се однесуваат на такви престапи, се сметале за општо познати“[8].
[1] Блаватская Е.П., Разоблаченная Изида: В 2 т. Т. 2. Рига 1937, 671.
[2] „Кога бев во Бари (во Италија), учејќи се при месната маѓепсничка…“ (Блаватская Е.П., Письма А.П. Синнету, М. 1997, 307).
[3] „Урусвати, уживам гледајќи те. Погледнав во училиштето. Видов прекрасна маѓепсничка“ (Агни-йога, Высокий путь, Ч. 1: 1920-1928, М. 2002, 115).
[4] Привалов Д. Увидеть Дубровник – и остаться // Труд. 1998, 10 июля.
[5] Јас те напоив со антимаѓепсничка вода // На истото место.
[6] Законы Хаммурапи, 2 // Хрестоматия по истории государства и права зарубежных стран (древность и Средние века), М. 2001, 10.
[7] Види: Волков И.М., Закоеы вавилонского царя Хаммурапи, М. 1914, 69.
[8] http://www.hist.msu.ru/ER/Etext/hammurap.htm
ѓакон Андреј Кураев
Г.Г.
Pocituvani , jas seriozno se zamisliv za ovva tema .Sto ako navistina mojata komsivka Jana ,nejziniot sin Matej ili kosijata Stefan i zena mu Aleksandra ili Mira,Violeta ,Branko,Caslav ,Dragan…i taka natamu sto ako se zanimavat so crna magija ,kako da se zastitam, ima li nacin ?Mnogu sum seriozna .Ova ne moze da se dokaze, osven da se fatat so skriena kamera ili slicno sto ne e voopsto eticki , vo tudj dom da se vleguva sekoja vecer.
Авторот на текстот, пред се, сака да покаже што, всушност, претставувала инквизицијата во својот историски контекст. Имено, од две зла – помалото. Народот, плашејќи се од дејствувањето на окултистите, самиот реагирал со линчување на таквите. Инквизиторите, во таа смисла, обезбедувале попристојни услови за судски процес.
Околу прашањето, дали денес некои нам блиски се занимаваат со тоа, воопшто не треба да се плашиме, ниту да делуваме параноично, секако, ако сме христијани. Едноставен одговор на ова дава еден од нашите епископи, владиката Наум: „Под дејство на магии, т.е. ѓаволска енергија, потпаѓаат оние луѓе кои се одделени од живиот живот на Црквата, кои не постат, не се молат, не се причестуваат редовно со телото и крвта Христови…“
blagodaram za odgovorot