За борбата со блудната страст (2)

Ава Матој раскажувал: дојде кај мене еден брат и рече дека лошите зборови се полоши од блудот. На тоа авата забележал: тежок е твојот збор! Братот го прашал: а како ти се чини тебе? Старецот одговорил: макар што лошите зборови се зли, но бргу се лечат. Оној којшто злослови често се кае и вели: лошо постапив. Но блудот е природна смрт.

Ава Пимен рекол: како што царскиот оружјеносец стои пред царот секогаш подготвен, така и душата треба да биде постојано подготвена против демонот на блудот.

Еднаш еден брат дошол кај ава Пимен и му рекол: што да правам, отец? Страдам од блудна страст. Веќе бев кај ава Ивистион и тој ми рече: не дозволувај ѝ долго да останува кај тебе. Ава Пимен му одговорил на братот: делата на ава Ивистион се високи – тој е на небото, заедно со ангелите – и не знае дека ние се наоѓаме во блуд! Но ќе ти кажам нешто: ако човекот го воздржува својот стомак и јазик, тој може да владее со себе.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *