За воздржанието (2)

Раскажувале за ава Агатон, дека во тек на три години ставал камен во својата уста, додека не се научил на молчание.

Еден старец дошол кај ава Ахил и видел дека тој плука крв од устата. Го прашал: што е, отец? Ахил одоговорил: тоа е зборот на братот што ме навреди; се трудев да не го откривам и Му се молев на Бога тој да биде земен од мене – и зборот се стори крв во мојата уста. Го плукнав, се успокоив и ја заборавив навредата.

Раскажувале за ава Диоскор Нахијатски: неговиот леб бил од јачмен и пченка. Секоја година поставувал почеток на некоја нова добродетел, велејќи: оваа година нема да се сретнам со никого, или: нема да јадам јаболка или зеленчук. Така пристапувал кон секое дело: завршувајќи едно, се зафаќал за друго, и тоа го правел секоја година.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *