Сестра Васа: Мистагогија

Втор и последен дел од написот

vasa2

Мистагогија е воведување во светотаинството, во животот на Црквата. Поука, објаснување за оние што се подготвуваат за Крштение, или само што се крстиле, објаснување на Светите Тајни Крштение и Евхаристија.

И византискиот обред претпоставува дека сме поминале мистагогија. Но, многумина никогаш не ја поминале оваа подготовка, а оние што биле крстени во детството, немаат такви кумови, коишто би одржале мистагогија. Како резултат, мистагошката поука не функционира.

И историската поука денес ја нема во Црквата. Треба да има и историски вовед во светотаинството, расказ за тоа каква е историјата на овој или оној чин. Притоа, важно е да се знае дека Црквата битисува на оваа земја во времето, но нејзиното битие во времето значи изменување/промена.

Опасноста од упростување

Литургијата е средба меѓу Бог и човекот. И Словото Божјо нам ни е дадено, за да го слушаме, разбираме и да возрастуваме преку него.

Постојат религии што учат дека словото не е важно – идолот ништо не одговара на жртвата. Човекот не принесува жртва за да заедничари, туку за да се заштити од нешто, на пример, од природните појави. И религијата тука претставува формалност, која на човекот му обезбедува гаранција.

Но, во христијанското богослужение се случува живо општење/заедничарење преку осмислено слово. И ако ние не стапиме во живо општење со Бога, за да возрастуваме во Духот Свет, за да се сториме садови на Светиот Дух, тогаш нашето богослужение го претвораме во паганизам. Ние едноставно ја извршуваме формалноста, за да добиеме заштита.

И Крштението – тоа не е едноставно очистително омивање, бањање. Крштението е смрт и ново раѓање во Христа. А нашиот непријател сака да ја претвори нашата вера во магија, да ја минимизира нашата вера.

Учеството во богослужението

Дали се случува активно учество на верните во богослужението? На какво ниво ние учествуваме во дејствието, коешто се случува на богослужението, без разлика дали се тоа часови, сеноќно бдение (вечерна и утрена) или Литургија? Или, пак, во олтарот се случува нешто свое/изолирано, а кај народот – нешто друго, и како резултат настанува потполн јаз.

Примери на јаз, на неучество во богослужението:

1.Потрага по сурогати, замена на богослужбено дејствие со нешто друго, поразбирливо, подостапно (на пример, исповед или молебен).

2.Рамнодушност кон словото (како кон богослужбеното, така и кон Божјото), заради неговата неразбирливост.

монахиња д-р Васа Ларин

Прв дел

Извор: http://www.pravmir.ru/izmeneniya-v-tserkvi-popyitka-ne-ispugatsya/

Подготвил: Георгиј Глигоров

Ознаки:
Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *