Обраќањето на свети Павле
Ние не сме слободни да ја избереме рамката и формата на нашето покајание – ова со сигурност е едно од најјасните учења на Библијата. Исус налеа вода во сад – вели свештениот текст – и почна да им ги мие нозете на учениците (Јн 13,5). Господ го избрал садот, средството кое ѝ дало особена контура и димензии на формата на Неговата очистителна вода. Тогаш Он пришол кон секого од учениците, еден по еден, и тие разбрале дека треба да ги стават нозете во тој сад, за Он да може да им ги измие.
Со други зборови, Господ Самиот го избира начинот и образецот на нашето очистување; како се очистуваме преку Христа не е одлука на нашиот личен избор. „Еве го садот“ – се потврдува дејствието на Господа – „ставете ги нозете овде, токму овој сад и Јас ќе ве измијам и ќе бидете чисти, зашто ако не ве измијам, нема да имате дел во Мене“.
Оваа вистина била една од најважните што Савле од Тарс требало да ја научи и Бог особено се погрижил тој добро ја научи. Како што честопати со жалење напомнувал за време на неговиот подоцнежен живот, Саул бил гонител на светата Црква (1Кор 15,9; Гал 1,13.23; Филип 3,6; 1Тим 1,13). А Саул – ни се вели – ѝ пакостеше на Црквата, влегувајќи во секоја куќа, извлекувајќи мажи и жени и затворајќи ги (Дела 8,3). Така што, кога Господ го обратил Саул на патот за Дамаск, Он направил јасна поента со обврзувањето на овој гонител да се потчини на Црквата, на која ѝ нанесувал зло.
Некои модерни христијани мислат дека можат да дојдат до Бога „само преку Христос, а не преку организирана религија“, но Бог ќе го подложи Павле во таква ситуација, та тој да не си дозволи таква илузија. Напротив, во обраќањето на Павле Исус најексплицитно Се идентификува Себеси со Црквата: Савле, Савле, зошто Ме гониш?… Јас сум Исус, Кого Го гониш ти (9,4.5).
На тој начин, Савле никогаш нема да може да каже дека дошол до Бога „само преку Христос, а не преку организирана религија“. Всушност, откако Исус се идентификувал Себеси на Савле, Он не му кажал ниту еден друг збор како понатамошно директно упатство. Кога Савле Го прашал: Господи, што сакаш да сторам? – Исус едноставно го упатил да го постави истото прашање на Црквата: Стани и влези во градот, и ќе ти биде речено што треба да направиш (9,6).
Така да речеме, дури ни на апостолот Павле, во моментот на неговото обраќање, не му било дозволено да соочи со Исус „еден на еден“ (насамо). Контурата и формата на неговото покајание треба да биде определена од конкретна „организирана религија“. Павле би немал никаков „личносен однос со Исус како Господ и Спасител“, освен преку покорност кон учењето, дисциплината, светотаинското богослужение и корпоративниот живот на Црквата; тој не може да има „личносен однос со Христос“, според негови услови. Одделно од Црквата, спасителното познание на Бога во Христа не било возможно дури ни за свети Павле. Напротив, тој бил ограничен понизно да го потчини своето срце и совест на Божествениот овластен авторитет на тоа исто тело на христијаните, коешто тој дотогаш го прогонувал.
Гревовите на Павле не биле оттргнати едноставно со негово „барање Исус да влезе во неговото срце“. Нема нешто во библискиот текст што би претпоставило дека тој направил такво нешто на патот за Дамаск. Напротив, гревовите на Павле биле оттргнати со неговото слободно потчинување на црковната светотаинска дисциплина: Стани и крсти се, и измиј ги гревовите, повикувајќи Го името Господово (Дела 22,16), зашто оној кој поверува и се крсти, ќе биде спасен (Мк 16,16). Павле бил обврзан да се придржува на истата процедура како и секој друг верник, на советот (рецептот) објавен на најпрвата проповед на Црквата: Покајте се и секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа, за простување на гревовите (Дела 2,38). На Павле му биле простени гревовите на сосема истиот начин, којшто се бара од секој друг – со присоединувањето кон единствената организација во светот што има власт да простува гревови (сп. Јн 20,23).
Со сигурност, токму во опитот на своето обраќање Павле го примил семето на сите негови подоцнежни учења за Црквата, која тој ја идентификува како столб и тврдина на Вистината (1Тим 3,15). Павле не знаел за никакво неинституционално Христијанство. Тој не знаел за никаков друг Христос, освен за Христос на Црквата, на онаа востановена и организирана заедница на верни, која толку интимно е идентификувана со Христос, што се нарекува и Негово Тело (Ефес 1,22; 4,15-16; 5,23; Кол 1,18.24).
отец Патрик Хенри Рирдон
Г.Г.
Tezata na tekstov e deka covek ne moze sam da bide vernik bez pritoa da bide del od Crkvata. Sto kako teza si e sosema ok, zatoa sto Isus dojde da ja otkupi svojata nevesta, Crkvata, koja e socineta od site narodi vo celiot svet.
Ona sto se protnuva pod masa e deka lugeto koi “go primaat Isus kako svoj licen gospod i spasitel” se vo zabluda zatoa sto takvoto individualisticko obrakjanje e nadvor od crkvata.
Ovde ja stavam razlikata izmegju Crkvata, i pravoslavnata crkva, koja e del od Crkvata, no ne e celata Crkva.
Tekstov zema kako aksioma deka ako ne si del od Pravoslavnata crkva, ne si del od Crkvata. Vakvoto sektasko proglasuvanje na sebesi kako edinstvenata Crkva e otfrleno od Pravoslavniot svet zatoa sto golem broj pravoslavni crkvi se del od The World Council of Churches.
Ovaa organizacija si imala porano nekoi problemi koi sto pravoslavniot svet i evangelskite crkvi zaedno go adresirale ama posle takvoto adresiranje na nekoi nebibliski raboti, WCC se potsredil za sega da se razgovara megju pravoslavnite, katolickite i protestantskite crkvi kako ramnopravni clenovi n Crkvata.
Tekstov ocigledno e namenet da se diskreditiraat protestantskite vernici zatoa sto frazata “prifati go gospod kako tvoj licen bog i spasitel” e nasa fraza. Pretpostavkata od avtorot koja sto jas ja predizvikuvam e deka samo pravoslavnata crkva e vistinskata crkva. Vakviot stav ne e prifatliv za mnogu pravoslavni misliteli i deneska ne pominuva vo globaliziraniot svet zatoa sto togas ke ispadne deka nitu katolickata crkva ne e vistinska crkva… sto nikoj zrel i vlijatelen pravoslaven teolog nema da go kaze.
gledaj jas imam dosta strogi eklesioloski pogledi i imam mnogu visoko glediste za ulogata na crkvata vo spasenieto na covekot. taka nemam mnogu zabeleski na ovoj tekst, osven sto za mene definicijata na crkva e verojatno razlicna od definicijata na crkva na ovoj avtor, koj pretpostavuvam deka misli crkva e samo pravoslavnata. inaku i jas veruvam deka Bog blagovoli ludjeto da doznaat za Nego preku crkvata i da go potvrdat svoeto spasenie od Hrista preku krstevanje vo crkvata i preku duhoven rast i ucenistvo vo crkvata. vo taa smisla, iako e jasno deka spasitel e samo Isus, moze da se soglasam deka von crkvata tesko da se ima spasenie.
Претходните два коментари и овој третиот не се мои туку на тројца различни евангелски теолози само мене познати, на кои им го дадов линкот и ги замолив за анализа.
.
Ви ги постир
Здраво Младен… го прочитав и тоа што го прочитав е ерес и тоа голем ерес. За да ја оправдат својата религија го тераат павле дека се потчинил на Црквата и дека освен Исус треба и на организираната црква да се покори човек за да дојде до Бог. тоа е ерес. Тоа не спаѓа во Евангелие туку само во ерес. Еве што е Евангелско во поглед на текстот. И секој што ќе Го повика Господовото Име (името Исус) ќе се спаси. тоа е евангелско. тексто не чини ништо освен ерес. Тоа е моето сигурно мислење. биди поздарвен и бог нека Ве води…..
според светите Отци беше прво обожението на Павле, а потоа крштевањето. И не можам да се согласам дека Црквата е организација за простување на гревови. Поздрав.