Света Параскева (26 јули/8 август)

rsz_1paraskeva_resized

Света Параскева е почитувана, не само од страна на жените кои го носат нејзиното име, но и од сите христијани. Ова особено е застапено во нашата област, каде има многу парохиски цркви и параклиси посветени на нејзиното име, и денес сите тие торжествено слават.

Животот на света Параскева е чудесен. Нејзините родители биле побожни и доблесни, а самото нејзино раѓање се случило со Божја интервенција. Била израсната во христијански дух, својот имот го раздала на сиромашните, станала монахиња, Го проповедала Христа, Го исповедала, била измачувана и пострадала заради љубовта Христова. Затоа таа се нарекува девствена преподобномаченица.

ПMartyrdom of St_ Paraskevi 2остојат икони кои ја претставуваат света Параскева како во рацете држи сад, во кој има две очи. Ова е поврзано со едно чудо, извршено од светителката. Една од нејзините тортури се состоела од тоа да биде ставана во зовриен котел со жешко масло и катран. Сепак, по благодатта Божја, светителката не само што не изгорела, но се чини како и да се освежила. Царот кој го гледал измачувањето се зачудил од собитието, па ѝ рекол да го испрска малку со маслото и катранот, за да види дали е жешко. Штом света Параскева малку го испрскала, неговите очи веднаш ослепеле. Тогаш светителката се помолила на Бога и барала од Него да му го врати на царот видот на неговите очи, што и се случило по нејзините молитви. Ние си споменуваме за ова чудо преку иконата на света Параскева.

Ова е причината зошто многумина болни, кои страдаат од проблеми со очите, ја сметаат света Параскева за нивна покровителка и се молат таа чудотворно да се вмеша и да ги излекува. Светиите, по помошта Божја, се лекари на нашите души и тела. Ние се обраќаме кон нив кога имаме различни проблеми и ја бараме нивната помош. Секако, богословски речено, Самиот Бог дејствува преку светиите, бидејќи светиите се пријатели и содружници Христови.

Според тоа, света Параскева може да се смета како исцелителка на болестите на душевното око, коешто е нашиот нус (дух). Освен телесно око, ние имаме и душевно око, со кое можеме да ја видиме славата Божја. Како што телесното око може да заболи, така и душевното око може. Кога душевното око е болно, затоа ние сме зли и не можеме да Го видиме Бога. Ереста, атеизмот и игнорирањето на Бога, како и многу други душевни болести се резултат на страдањето на духовното око.

Пророкот Давид во псалмите вели: Просветли ја мојата темнина. Во нас има темнина, бидејќи духовно сме слепи и не можеме да ја видиме славата Божја. Затоа и свети Григориј Палама Му се молел на Христа: „Просветли ја мојата темнина“.

slepilo_resized

Денес ја споменуваме и прославуваме света Параскева, којашто живеела со Христа и пострадала за Неговата слава. Таа е покровителка и на сите оние што имаат проблеми со нивните физички очи, како и за сите нас што имаме проблеми со душевните очи (нус-от) и не можеме да ја видиме љубовта Божја, не можеме да ги согледаме нашите страсти, потребите на нашите ближни, а исто така не можеме да го видиме и патот на спасението. Да ја помолиме света Параскева со вера за наше исцеление.

Се молам сите вие да сте долговечни и благословени. Нека света Параскева ве заштитува за време на целиот живот, со силата на Благодатта Христова.

митрополит Јеротеј (Влахос) Нафпактски

Извор: www.johnsanidopoulos.com

Г.Г.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *