За нетрадиционалните методи на лечење (хомеопатија, акупунктура, хипноза)

Последен дел од „Беседата за медицинската етика“ на ѓаконот Андреј Кураев

rsz_kpdcerc

Колку се неприфатливи, од гледиште на Црквата, нетрадиционалните методи на лечење – хомеопатијата, бодењето со игли, хипнозата?

Мислам, дека во сите три случаи нема безусловно неприфаќање.

Неодамна во Москва, по предавањето една жена ми се обрати со прашање: „Јас сум лекар-хомеопат и православна христијанка. Кажете ми, дали може да се занимава со хомеопатија или не?“. Јас одговорив, дека хомеопатијата е пракса, во принцип, паганска, но, ако некое откритие не го направиле христијаните, тоа не значи, дека самото по себе е нехристијанско. На пример, со хомеопатијата се користеле светите Теофан Затворник, Јован Кронштадски, Игнатиј Брјанчанинов. Сепак, жената рече: „Јас тоа не го знам, но, во секој случај, неспокојна сум, затоа што не знам како лечам“.

Настана поразувачка ситуација: таа, лекар-хомеопат, чувствува дека тоа не е добро, а јас, богослов, ја наговарам дека, најверојатно, може да се занимава со тоа. Но, проблемот овде навистина е посериозен: ниту еден хомеопат не е во состојба да го објасни механизмот на хомеопатскиот метод на лечење. Тоа потсеќа на кучињата на Павлов. Можеби кучето ќе осознае. „Ако лаам овде и со носот го притиснам тоа копче, ќе ти дадат парче месо“, но, како тоа копче е поврзано со месото што се појавува во чинијата, тоа не знае.

Искрено речено, секогаш се плашам да не се најдам во состојбата на кучињата на Павлов: кога ние нешто правиме, има ефект, но не е јасно од каде тој се појавува. Дали сигурно овде има материјални механизми на взаемодејствие или, пак, овде има некаква психотерапија, која, можеби, граничи со некакво духовно и религиозно взаемодејствие (најверојатно, нехристијанско)? Каков „црн ковчег“ е сокриен таму? Токму присуството на тој „црн ковчег“ на хомеопатијата, не дозволува да се каже, дека овде сè е јасно и безопасно. Денес е уште повеќе очигледно, колку лесно хомеопатијата се интерпретира во рамките на окултниот жаргон, вклучувајќи ги истите оние „енерго-информациски носители“ и „мислечки форми“ итн. А и самите хомеопати многу често прибегнуваат кон окултно толкување на своите методи…

Ситуацијата со иглорефлексотерапијата би ја споредил со град заземен од варвари. Претставете си, дека некаков град е заземен од најсовршените варвари, коишто не знаат што е тоа електрична светлина. А во тој град работи автономна, атомска станица, која сто години работела без контрола. Некаде има светлина, не се сите проводници прекинати. И со време, тие варвари забележуваат, дека ако се претисне ова копче, тогаш таму се пали светилката. Тие јасно сфаќаат, дека има некаква врска овде, но тие не знаат, како се поврзани копчето и светилката. И тогаш тие си разработуваат своја митологија: „Духот на таа врата влијае на духот на сонцето и ако, плукнувајќи преку левото рамо и проскокнувајќи ја во дијагонала собата на десна нога, се поднесат кон прозорецот врзани жртвени банани, тогаш ќе може да се притисне копчето – и богот на сонцето ќе ја испрати својата честичка, еве, во тој светилник под таванот“. Во основата на митот може да се положени потполно релни набљудувања, врз кои се напластиле објаснувачките обиди на митологијата. Ми се чини, дека е слична работата со иглотерапијата. Со време, најверојатно, ќе се појават целосно материјалистички објаснувања на врските меѓу надворешните покрови и внатрешните органи (на крајот на краиштата, тие се развиле од една и иста првична клетка на ембрионот). Затоа, ако лекарот користи иглотерапија без користење на кинеска философија, мислам дека тој не греши.

Во секој случај, светителот Николај Јапонски во акупунктурата не гледал ништо маѓепсничко, иако и одречно се однесувал кон неа: „Стефан Кондо неколкупати служеше како катихизатор и неколкупати ја оставаше службата за да си обезбедува леб со акупунктура. Таа вештина е подобна на шарлатанство… Кондо сакаше на грбот на Црквата да навлезе во ново место со многуброен народ, за да мами со својата акупунктура“.

Hypnosis-2Што се однесува до хипнозата, повторно, се зависи од тоа, кој и со каква цел ја користи. Една работа е чисто медицинската хипноза, кога задачата е да се избави човекот од некое наметливо споменување за некоја траума… Но, во целост, Црквата има негативен однос кон сите ситуации, кога ти навлегуваш во ситуација, која самиот не ја контролираш. Треба да се биде извонредно расудителен,  а уште повеќе, кога ќе се обидат да те хипнотизираат луѓето од типот на Алан Чумак или Кашпировски, тогаш во никој случај не смее да се биде отворен пред нив.

ѓакон Андреј Кураев

Извор: Беседа за медицинската етика од книгата „Неамериканский миссионер“, Саратов 2006, на ѓакон Андреј Кураев.

Прв дел    Втор дел    Трети дел    Четврти дел

Петти дел    Шести дел    Седми дел    Осми дел

Деветти дел    Десетти дел    Единаесетти дел    Дванаесетти дел

Подготвил: Георгиј Глигоров

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *