Интернет треба да се освојува

rsz_kuraev_osvojuvanje

– Кога сме тука, кај војната со компјутерот. Дали можете накратко да ја осветлите историјата на прашањето: зошто на некои православни луѓе (или кои се сметаат себеси за такви) не им се допаѓа компјутерот и од каде таа нагласена фобија кон Интернет?

– Овде нема никаква особена историја на прашањето. Од една страна, тука едноставно има чисто психолошка мерка за заштита на сопствениот свет на човекот од она, што многу доцна навлегло во неговиот живот, веќе потоа кога неговиот животен склад се формулирал. Јас и за себе можам да кажам, дека не се чувствувам себеси свој во светот на компјутерите. Ако мојот РС почнува да биде каприциозен – јас не стапувам во дијалог со него. Јас едноставно ја земам телефонската слушалка и му се јавувам на своето кумашинче-тинејџер. Еве за него, како и за другите деца на 90-тите, компјутерот претставува родна куќа. Јас само со ужас набљудувам, како тој ги расфрла деталите на најскапоцената (во парична смисла) твар во мојот дом…

Едноставно сакам да кажам, дека неприфаќањето на компјутерот од страна на многу црковни луѓе не е пројавување на некоја наша сугуба (изразена) „средновековност“. Од една страна, едноставно тоа е разбирливо (и делумно возрасно) психолошко отфрлање на она, што „не е мое“. Од друга страна, јас веќе објаснував, таа реакција е условена од тоа, што таа зона првично беше зафатена токму од нецрковни луѓе и религиозното присуство на Интернет беше попрво сектанско, а понекогаш и директно сатанско. Одовде доаѓа првата реакција – едноставно да се одгурнеш. Да се самоизолираш. И дури потоа дојде поздравата реакција: да се влезе во тој нов дом, за да повлијаеш на неговите климатски услови, да го направиш, макар дел од него, потопол и посветол.

Кога читаш во некои црковни весници напаѓања на Интернет, пред сè, се поразуваш од онаа нагласена настроеност кон капитулација. Имено, тоа настроение води кон пораз. Ако православните публицисти го напуштат Интернет – таму навистина ќе стават акцент разорувачите и сектантите. Не поради тоа, дека Интернет бил создаден специјално за нив, туку затоа што православните не посакале да живеат во тој заеднички дом. Можеби, наместо да го проколнуваме Интернетот, подобро сами почесто да влегуваме таму и во тоа море да создаваме островчиња на Православието?

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел    Петти дел

Г.Г.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *