Биоетика (10): Дали Црквата има официјален став по однос на криониката?

Официјален став нема. Ако се замрзнува тело на веќе починат човек – тоа е или медицински екперимент (што не е лошо), или бизнис – што веќе не е добро. Ако се замрзнува тело на болен, но сè уште непочинат човек – тоа е евтаназија, и тука Црквата е против „мекото убиство“.

krionika1

Тоа е што се однесува до оценката на дејствијата на лекарите. Што се однесува до пациентот, тогаш тој со согласноста за свое замрзнување го покажува своето неверие во животот на душата надвор од телото, во животот по смртта, исто како и своето неверие во воскресението на мртвите. Секако, ако свештеникот знае дека го повикуваат да погреба човек, чиешто тело од храмот ќе оди во замрзнувач, зашто покојникот се надевал не на идниот живот со Христа, туку на успехот на науката – таквиот човек свештеникот нема да го отпее. Зошто да се испраќа човекот во вечноста, ако тој таму, имено, и не сакал да оди?

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трети дел    Четврти дел    Петти дел

Шести дел    Седми дел    Осми дел    Деветти дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *