Компјутерот и искушенијата

kuraev evo2

– Пожарот на Останкиската кула, кој ја исклучи телевизијата, како да ги постави на прв план другите, алтернативни електронски средства за информирање, поточно – Интернетот. Следниот ден по пожарот, на Интернет беше многу тешко да се влезе – толку многу беше зголемен сообраќајот. Можеби, навистина Патријаршијата треба да размисли за тоа, да учествува во процесот од самиот почеток: да создаде свое Web-радио, Web-телевизија?

– Како прво, Вие или сте оптимист, или живеете во сосема виртуелен свет. Според мене, последиците од пожарот во Останкино се одразија не толку во сообраќаите на Интернет, колку во растот на водомерните обртаи. Бидејќи народот, оттргајќи се од еден наркотик, прејде на друг… Тие темни вечери со празни екрани провоцираат да се прејде на личносно општење, а посредник на личносното општење во нашата земја, за жал, сè повеќе претставува шишето со проѕирна течност.

Тешко е да се зборува за тој пожар, затоа што првото чувство, секако, беше искрена радост кај сите црковни луѓе.

Но, според здраво размислување, секако, сфаќаш, дека тоа попрво претставува удар по националната култура. Јас тоа го зборувам, не дека ги ценам преносите на РТР и ОРТ, туку едноставно затоа, што тие денови постанаа прекрасна реклама за сателитската ТВ. А тој пазар во Русија, пред сè, е претставен со продукцијата на НТВ-плус, а, значи, имено НТВ, т.е. најантихристијанскиот и најантирускиот канал, кој тогаш, како додаток, започна отворена хајка на претседателот на мојата земја, доби великолепна можност да ја рашири својата бараност. Освен тоа, сето тоа телевизиско безобразие сега ќе се гради на државни пари и ќе работи поефективно, затоа што купената техника ќе биде посовремена.

Така што, според некои размислувања, првата радосна реакција згаснува. Но, таа се појави и овде има сериозен повод за размислување. Ниту на Интернет, ниту во приватните разговори, јас не видов повици на ужас и очај. Општата реакција е олеснувањето: „Конечно!..“. На еден окултен, антихристијански сајт, рериховскиот, дури се појави забелешка: „Сенародната омраза кон телевизијата конечно се материјализира“.

Овде телевизиските работници треба да се замислат: а зошто одеднаш тие постанаа предмет на народна омраза? Дали тие навистина се демократи, дали навистина ги одразуваат очекувањата и интересите на народот? Или познери – тоа е такво агресивно малцинство, кое го наметнува својот систем на вредности врз народот – на народот, кој до денес, без оглед на петнаесетгодишното перење на мозоци, се спротивставува на тој систем на нивни вредности?

А што се однесува до присуството на Црквата на Интернет, нè учи и нашата историја, црковната, и граѓанската, дека најефективна методика е „да не пречиш“. Да не се создаваат некакви суперпрограми, суперфинансирани, но само да не им се попречува на оние, кои сакаат и умеат да работат.

– Во својата книга За нашето поразување Вие говорите доволно мрачни нешта за тоа, дека Русија денес претставува попрво паганска земја, отколку православна. Можеби, од тој аспект, компјутерот за некого се појавува како објект на некаков пагански култ? Не во буквална смисла, секако, на компјутерот никој не му се поклонува, но религиозните чувства се мешаат: општењето во Интернет и сл.

– Компјутерот со ништо не се разликува од секоја друга „творба на рацете човечки“ (артефакт). Овде може вака да се каже: „За чистиот сè е чисто, а свињата секаде гнасотија ќе најде“. Зошто да говориме за искушенијата со компјутерот! Еве, православната икона. Нам ни се чини дека за православниот човек нема нешто посвето од иконата, и сепак, во восприемањето на некои луѓе иконата постанува она нешто што попречува да се оди кон Бога, нешто коешто го одмага тоа. На пример, кога во 7-8 век во Византија возникнале иконоборечките спорови, многу луѓе почнале да ги отфрлаат иконите, затоа што виделе дека во сознанието на некои нивни едноверци почитувањето на иконите доаѓало до неприлични степени. На пример, се сметало дека за Причеста да стане „посвета“, неопходно е да се разронува малку боја од икона во чашата со Причеста. Или, пак, земале икона и при Крштението објавувале: „Еве оваа икона ќе ти биде кум“. За жал, човекот може да изврти било што. Човекот може да гата на Библија. Човекот може да го користи компјутерот за гадости, да,– но тоа не е повод за да се објави војна против сите компјутери. Тоа е повод за да се осознае дека: човекот треба секаде да биде човек, па и на Интернет.

Постои еден добар црковен принцип: „Ти можеш да владееш со сè, само ништо да не завладее со тебе“. Не постанав ли јас прилепен кон мојот компјутер? Лесно може да се добие одговор на тоа прашање: треба да се запомни реакцијата, кога некакви човечки обврски те тераат да се оттргнеш од светот на компјутерот. Така е и со телевизорот. Замислете си, дека едни веќе возрасни луѓе ѝ се јавуваат на својата постара мајка и ја молат утре да помине барем три часа со детето-внукот. Бабата одговара: „Добро. Но да ги погледнам своите планови…“. И ја отвора програмата за телевизиски пренос. И кога ќе види, дека помеѓу нејзината омилена сапуница и не толку омиленото ток-шоу има тричасовен интервал, таа се согласува во тоа време да се занимава со внукот. Тоа веќе не е баба, туку телевизиска налепница.

Така и младиот човек е слободен од компјутерот, само ако има доволно сили да го притисне копчето „Esc“ тогаш, кога треба да се врати во светот на луѓето.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *