Дијалог меѓу еден старец и еден атеист

Прв дел од разговорот во четири дела

rsz_ateizam

Едно утро старецот Епифаниј Теодоропулос разговараше со двајца или тројца посетители во својот дом. Еден од нив беше идеолошки атеист и комунист. Одненадеш, некој однадвор влета внатре и ги извести дека Атина е преплавена со фотографии на Мао Це Тунг, со натписот: „Слава на великиот Мао“. Тоа беше во деновите кога почина кинескиот диктатор.

Старецот: Така стојат нештата, чедо мое. Атеистите не постојат. Постојат само идолопоклоници, кои Го симнуваат Христос од Неговиот престол и на Негово место интронизираат сопствен идол. Ние велиме: „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух“. Тие велат: „Слава на великиот Мао“. Го избираш оној што повеќе го сакаш.

Атеистот: Драг отец, и ти исто така ја земаш својата дрога. Единствената разлика е таа, што ти ја нарекуваш неа Христос, други ја нарекуваат Алах или Буда, итн.

Старецот: Чедо, Христос не е дрога. Христос е Творецот на целиот универзум. Оној Кој управува премудро со сè, од безбројното мноштво галаксии до најмалечките честици на микрокосмосот. Он нам на сите ни дал живот. Он е Оној Кој те донел на овој свет и те обдарил со толкава слобода, што можеш и да се сомневаш во Него, па дури и да се одречеш од Него.

Атеистот: Драг отец, твое право е да веруваш во сите овие нешта. Но, тоа не значи дека тие се вистина. Дали имаш некаков доказ?

Старецот: Ти мислиш дека сево ова е само бајка, нели?

Атеистот: Секако.

Старецот: Дали имаш некаков доказ дека тоа е бајка? Можеш ли да докажеш дека она во што верувам е погрешно?

Атеистот: …………

Старецот: Не ми одговори, затоа што и ти немаш никаков доказ. Што значи, дека ти веруваш дека тоа се бајки. Ти говорев за вера, кога Го имав предвид Бога; сепак, и ти, отфрлајќи го моето верување, во суштина веруваш во своето безверие, штом не можеш да го поткрепиш со докази. Морам да ти кажам дека верата не е нешто што паѓа „од ведро небо“. Постојат некои натприродни настани, на која таа се темели.

Атеистот: Само момент! Штом зборуваме за верување, што, на пример, ќе им кажеш на муслиманите или будистите? Бидејќи и тие зборуваат за верување. И тие имаат високи морални стандарди. По што е твојата вера подобра од нивната?

Старецот: Значи, критериумот на вистината претпоставувам е определено од ова твое прашање? Бидејќи вистината со сигурност е една; вистините не можат да бидат многу на број. Прашањето е: кој ја поседува вистината? Тоа е главното прашање. Според тоа, не станува збор за подобра или полоша вера.

Се согласувам дека и другите вери имаат морални учења. Сепак, моралното учење на Христијанството е неспоредливо супериорно. Но, ние не веруваме во Христа поради Неговите морални учења. Или поради Неговото настојување „да се љубиме еден со друг“, или поради Неговите беседи за мирот и правдата, слободата и еднаквоста. Ние веруваме во Христа, затоа што Неговото присуство на земјата беше придружено со натприродни собитија, кои беа знак дека Он е Бог.

Атеистот: Види, и јас признавам дека Христос бил важен философ и голем револуционер, но да не Го правиме сега Бог.

Стepifanij1арецот: Мило мое чедо! Сите големи неверници во историјата се сопнаа на овој детаљ. Рибената коска што застана во нивните грла, која едноставно не можеа да ја проголтаат, беше имено тоа: дека Христос е и Бог.

Многумина од нив сакаа да Му кажат на Бога: „Не кажувај му никому дека си воплотен Бог. Кажи само дека Си обичен човек и ние ќе бидеме повеќе од подготвени да Те обожиме. Зошто сакаш да бидеш воплотен Бог, а не обожен човек? Ние би сакале да Те прославиме, да Те објавиме како највеличествен меѓу луѓето, најсвет, најетичен, најблагороден, ненадминлив, еден и единствен, неповторлив. Зар тоа не Ти е доволно?“

Главниот во соборот на негирачи, Ернест Ренан, го изјавува ова за Христа: „За десетици илјади години, светот ќе се издигне преку Тебе“ и „Ти си аголниот камен на човештвото; ако некој посака да Го отфрли Твоето Име од овој свет, тоа ќе биде како да ги руши неговите основи“ и „еоните ќе објават, дека меѓу синовите човечки никогаш не се родил некој кој би Те надминал Тебе“. Но, токму тука Ренан и оние слични нему застанале. Фразата која следи веднаш по ова е: „Но Ти не Си Бог!“

И овие кутри несреќници не можат да согледаат, дека сите овие нешта содржат неопислива трагедија! Нивната дилема неизбежно води до бескомпромисниот заклучок: или Христос е воплотен Бог и во тој случај е навистина најетичната, најсветата и најблагородната Личност во човештвото, или, Он не е воплотен Бог, и во тој случај, не би можел да биде нешто од наведеново. Всушност, ако Христос не е Бог, тогаш ние зборуваме за наужасното, најкрволочното и најгрозоморното постоење во историјата на човештвото.

Атеистот: Што рече?

Старецот: Токму она што го слушна! Можеби е силна изјава, но тоа е апсолутна вистина. И ќе ти кажам зошто.

Да те прашам: Што сите големи луѓе говореле за себе самите или какво мислење имале за самите себе?

„Најмудриот од луѓето“, Сократ, изјавил: „Дознав едно нешто: дека не знам ништо“.

Сите важни луѓе во Стариот и Новиот завет, од Авраам до Мојсеј, преку Јован Крстител и апостолот Павле, се карактеризирале себеси како „земја и пепел“, „бедни“, „за презир“, итн (види 1Мојс 18,27; Јн 1,20; 1Кор 15,8-9; Рим 7,24; 1Тим 1,15).

Но, доволно чудно е тоа што ставот на Исус бил сосема спротивен! И доволно чудно ќе кажам, затоа што било природно и логично за Него да има таков став. Всушност, бивајќи далеку посупериорен и надминувајќи ги сите други, Он би требало да има пониско и поскромно мислење за Себе (сп. Сир 3,18). Бивајќи етички посовршен од сите други, Он би требало да ги надмине сите и секого во себеукорувањето и смирението, од моментот на создавањето на светот до крајот на времето.

Но, ние гледаме нешто сосема спротивно!

Како прво, Он изјавува дека е безгрешен: „Кој од вас ќе Ме обвини за грев?“ (Јн 8,46). „Кнезот на овој свет доаѓа, и тој нема ништо во Мене“ (Јн 14,30).

Он, исто така, изјавува многу високи идеи за Себе: „Јас Сум светлина на светот“ (Јн 8,12); „Јас Сум патот, вистината и животот“ (Јн 14,6).

Но, покрај ова, Он покажува барања за апсолутно посветување на Неговата Личност. Он дури и се вмешува во најсветите човечки релации, велејќи: „Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене. И кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене“ (Мт 10,37). „Дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата своја“ (Мт 10,35). Он дури и бара живот и маченичка смрт од Сопствените ученици: „Ќе ве поведат по судниците и нивните синагоги, и ќе бидете водени пред цареви и управници заради Мене… И брат ќе предаде брат на смрт и татко – синот свој, и децата ќе се кренат против родителите свои и ќе ги предадат на смрт… Ќе бидете намразани од сите заради Моето име. А оној што ќе претрпи до крај, ќе биде спасен. Не плашете се од оние што го уништуваат телото… Кој ќе се одрече од Мене пред луѓето и Јас ќе се одречам од него… Кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде“ (Мт 10,17 и понатаму).

И сега те прашувам: дали некој се осудил да ја бара за себе љубовта на човештвото, та другите да ги занемарат заради тоа и своите животи? Дали некој некогаш се дрзнал да ја изјави сопствената апсолутна безгрешност? Дали некој се осудил да ги изговори зборовите: „Јас Сум вистината“? (Јн 14,6). Никој и никогаш! Само Бог би можел да го направи тоа. Можеш ли да го замислиш твојот Маркс да ги изговори нештата на овој начин? Ќе го сметаат за лудак и никој не би посакал да го следи!

Сега, само замисли колку луѓе жртвуваат сè заради Христос, дури и самиот живот, верувајќи во вистинитоста на Неговите зборови за Себеси! Ако Неговите изјави за Него Самиот беа лажни, Исус ќе беше најнемилиот лик во историјата, затоа што повел толку многу луѓе на толкава огромна жртва! Кој обичен човек – без оглед на тоа колку и да е голем, колку и да е важен, колку и да е мудар – би заслужил таков огромен принос и жртва? Епа? Никој! Никој, освен ако не е Бог!

Со други зборови: секој обичен човек што би побарал ваква жртва од своите следбеници, би бил најнемилата личност во историјата. Сепак, Христос ги побарал и ги добил и двете нешта. И покрај овој „успех“, од страна на самите негирачи на Неговото Божество Он беше прогласен за најблагородната и најсветата фигура во историјата. Значи, или негирачите се нелогични кога оваа најнемила фигура ја прогласија за „најсвета“ или, со цел да се избегне секоја лоша логика и да се рационализира сопостоењето на Христовите барања и Неговата светост, тие мора да се согласат со прифаќањето на (фактот дека) Христос продолжува да биде најблагородната и најсвета фигура во човештвото, но само под услов дека Он е и Бог! Во спротивно, како што рековме, Он не би бил најсветата, ами најнемилата фигура во историјата, бивајќи причина за најголемата жртва на сите времиња и тоа во името на една лага! На тој начин, Христовото Божество се докажува од страна на самите Негови негирачи, врз основа на оние својства на Неговата личност.

(продолжува)

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *