Дијалог меѓу еден старец и еден атеист (2)

Втор дел од разговорот во четири дела

rsz_caravaggio_-_the_incredulity_of_saint_thomas

Атеистот: Она што го кажа е навистина многу импресивно, но тоа е само спекулација. Дали имаш некакви историски факти што би го потврдиле Неговото Божество?

Старецот: Ти кажав на почетокот дека доказите за Неговото Божество се натприродните настани што се случиле, додека Он бил овде на земјата. Христос не се темели само на објавувањето на вистините што претходно ги спомнавме; Он ги потврдува Неговите изјави и со чудеса; Он го задоволува гладот на пет илјади луѓе и многубројни жени и деца со само две риби и пет лебови; Он им заповеда на елементите на природата и тие се покоруваат; Он воскресна мртви, меѓу кои беше и Лазар четиридневниот. Но, највосхитувачко од сите чуда беше самото Негово Воскресение.

Целата градба на Христијанството се крепи на настанот на Воскресението. Ова не е моја спекулација. Апостолот Павле рекол: „Ако Христос не воскреснал (од мртвите), празна е нашата вера“ (1Кор 15,17). Ако Христос не воскреснал, тогаш сè пропаѓа. Но, Христос воскресна, а тоа значи дека Он е Господар на животот и смртта, и затоа – Бог.

Атеистот: Дали си го видел сето тоа? Како можеш да веруваш во тоа?

Старецот: Не, не сум видел ништо од тоа, но други виделе: апостолите. Тие го распространиле ова на другите и тие, всушност, „го запечатиле“ нивното сведоштво со сопствената крв. И, како што секој би признал, сведоштвото на нечиј живот е највисоката форма на сведоштво.

Зошто не ми донесеш некој таков, кој ќе ми каже дека Маркс умрел и воскреснал, и дека е подготвен да го жртвува сопствениот живот за да го посведочи тоа? Јас, како искрен човек, ќе му верувам.

Атеист: Ќе ти кажам. Илјадници комунисти беа мачени и умреа за својата идеологија. Зошто не го прифатиш комунизмот на истиот начин?

Старецот: Самиот кажа. Комунистите умреле за својата идеологија. Тие не умреле за реални настани. Во идеологијата многу лесно може да се вмеша измамата; и бидејќи човечката душа има стремеж да се жртвува самата за нешто во што верува, ова објаснува зошто толку многу комунисти умреле за својата идеологија. Но, тоа не нè принудува да ја прифатиме идеологијата како нешто вистинито.

Една работа е да се умре за идеи, а друга да се умре за настани. Апостолите не умреле за некакви идеи. Ниту, пак, за она „Љубете се еден со друг“, или за некое од моралните учења на Христијанството. И кога велиме „настан“, мислиме на таков што се восприема од нашите физички сетила и се поима преку нив.

Апостолите претрпеле мачеништво за она „што слушнале“, „што виделе со своите очи“, „што го опипале со своите раце“ (1Јн 1).

Исто како мудрата спекулација на Паскал, ние велиме дека едно од трите следни нешта се случиле на апостолите: или биле измамени, или тие нè измамиле, или ни ја кажале вистината.

Да го земеме првиот случај. Не е можно апостолите да биле измамени, зашто сè за што известиле, не им било известено од други. Самите биле очевидци и слушатели на сите тие нешта. Освен тоа, никој од нив не бил измислен лик, ниту пак имале психолошка склоност што ги натерала да го прифатат настанот на Воскресението. Сосема спротивно – тие биле ужасно скептични. Евангелијата во своите нарации се целосно отворени за нивните духовни одредби: тие дури не верувале во упорните уверувања на некои луѓе, дека навистина Го виделе (Господа) воскреснат (сп. Јн 19,35).

Впрочем, што биле апостолите пред Христос да ги повика? Дали можеби биле амбициозни политичари или визионери на философски или социолошки системи, кои копнееле да го покорат човештвото и на тој начин да си ги задоволат нивните фантазии? Воопшто не. Тие биле неписмени рибари. Единственото нешто што ги интересирало било да уловат неколку риби и да си ги прехранат семејствата. Ете зошто по Господовото Распетие, и покрај сè што слушнале и виделе, тие се вратиле на своите рибарски кораби и мрежи. Со други зборови, немало ниту трошка трага од одредбата на овие луѓе по однос на нештата што ќе ги следат. Тоа се случило единствено по денот на Педесетница, „кога добиле сила одозгора“, со што станале учители на вселената.

Вториот случај: Дали нè измамиле? Дали нè излажале? Но, зошто би нè мамеле? Што би добиле од лагата? Пари ли? Статус ли? Слава ли? За некој да каже лага, тој мора да очекува некаква корист. Напротив, апостолите, проповедајќи Го Христа – и тоа Христа Распнатиот и Воскреснатиот – единственото нешта што си ги обезбедиле за себе биле: тешкотиите, трудовите, камшиците, каменувањата, гладот, жедта, голотијата, нападите од разбојници, тепањата, темниците и, на крајот, смртта. И сево ова заради лага? Би било несомнено лудо некој и да помисли така.

Значи, апостолите ниту биле измамени, ниту нè измамиле нас. Ова нè остава со третиот избор: дека ни ја кажале вистината.

Ќе треба и друго нешто да нагласам тука: евангелистите се единствените кои запишале вистински историски настани. Тие ги опишале настаните и само настаните. Тие не се ослониле на некои лични судови. Тие никого не пофалуваат, ниту некого критикуваат. Тие не се обидуваат да преувеличаат некој настан, ниту да елиминираат или потценат некој друг. Тие дозволуваат настаните да говорат сами за себе.

Атеистот: Дали ја исклучуваш можноста, дека во случајот со Христос, тоа било случајност или привидна смрт? Пред некој ден во весниците пишуваше за некој во Индија што бил закопан и по три дена го откопале, наоѓајќи го сè уште жив.

Старецот: Мое кутро чедо! Ќе си спомнам за зборовите на блажениот Августин: „О безверни, вие всушност не сте скептични, туку навистина најлековерни од сите. Вие ги прифаќате најневеројатните нешта, најнерационалните, најконтрадикторните, со цел да го негирате чудото!“

Не, чедо мое, тоа не било случај на привидplashaniza_480x968на смрт со Христос. Како прво, ние го имаме сведоштвото на римскиот стотник, кој го уверил Пилат дека Христос со сигурност умрел.

Потоа, нашето Евангелие нè известува дека на истиот ден на Неговото Воскресение, Господ бил виден како разговара со двајца Свои ученици, одејќи кон Емаус, што било повеќе од десет километри далеку од Ерусалим.

Можеш ли да си претставиш некој, кој би поминал низ сите тортури што Христос ги поднел, и по три дена по Неговата „привидна смрт“ повторно да му се врати виталноста? Ако не друго, би требало да го хранат со пилешка супа четириесеттина дена, за да може да си ги отвори очите, а не да оди сам и да разговара како ништо да не се случило!

А за оној Индиец, донеси го овде да биде биен со бичување – дали знаеш што е тоа бич? Тоа е камшик, чии врвци имаат парче олово или парче скршена коска, или остри клинци закачени на краевите – донеси го овде, па да го бичуваме, да му ставиме трнов венец на главата, да го распнеме, да му дадеме жолчка и оцет да пие, потоа да го прободеме неговото ребро со копје, да го ставиме во гроб, а потоа, ако се врати од мртвите, тогаш ќе разговараме.

(продолжува)

Прв дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *