Ава Арсениј за смирението

smirenie2

Некогаш кај ава Арсениј во ќелијата дошле демоните и го вознемирувале. Прислужниците се приближиле до него и, застанувајќи надвор од ќелијата, го слушале како повикува кон Бога и вели: Боже! Не оставај ме, не направив ништо добро пред Тебе, но по благодатта Твоја, дај ми да поставам (нов) почеток.

За него го говореле и ова: како што никој во царскиот двор не носи поубава облека од царот, така и во црквата никој не облекувал полоша облека од него.

Кога еднаш ава Арсениј прашувал некој египетски старец за своите помисли, тогаш еден друг, кога го видел, рекол: ава Арсениј! Како ти, кој ја познаваш сета римска и грчка наука, прашуваш за своите помисли кај овој неписмен? Арсениј му рекол: римската и грчката наука ја знам, но азбуката на овој (неписмен) сè уште не сум ја научил.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *