Библијата и нумерацијата

Bible-Computer- 700-280

– Во основата на Интернетот, најверојатно, во неговиот основен сегмент – www, лежи  поимот на наведување (реферирање) во хипертекстот. Не знаат сите, дека идејата на хипертекстот во 1945 година ја опишал директорот на Фондот на наука на САД, Венивер Буш. Но, речиси никој не знае, дека Буш, којшто е религиозен човек, идејата на наведување ја земал од Библијата, која првично се јавува како хипертекст: сите текстови се разделени на глави, сите пасуси се нумерирани, многу често во текстот стојат точни нумерирани наведувања на други фрагменти итн. А поради што се појавиле референците во Библијата, зошто таква изострена нумерација?

– Тоа попрво е некое разголување на нејзината сокриена хипертекстуалност. Библијата, при сето многуобразие на своите автори (Библијата е зборник на книги, коишто се пишувале во текот на речиси илјада и пол години од повеќе десетици луѓе) – тоа е книга за едно нешто. Единството на таа книга ѝ го придава единството на нејзината централна персонажа – Христос. Книгите на Стариот завет претскажуваат, пророкуваат за Христа. Новиот завет опишува што се случило со Христа. Апокалипсисот пророкува за она што ќе биде со Црквата Христова.

Нумерацијата на стиховите се појавила многу подоцна, во подоцнежните векови едноставно за удобност при користењето и упатувањето – удобност на научниците. При што, не секогаш тоа разделување на стихови и глави било успешно. Помеѓу богословите дури има една шега, дека човекот којшто го вршел делењето на стихови, го правел тоа јавајќи на коњ. Сепак, тој систем на наведувања претставува обид да се помогне на читателот да го осознае длабокото единство на библискиот текст. Тој по суштина е хипертекст и во секоја фраза од Библијата се содржи целата таа, како што во секоја капка од океанот се содржи хемискиот состав на целиот океан.

– Библијата за обичниот човек претставува збир на поучни митови, историски раскази и легенди. Кажете, што е таа за Вас? Дали Ви е позната некоја нејзина првична смисла, која е недостапна за непосветениот?

– Човекот, кој ја прочитал Библијата, не може да ја восприема неа како збир на митови, макар и затоа што Стариот завет е нагласено историска книга, историски хроники. А Новиот завет е воопшто историја на еден Човек, затоа овде нема место за митови.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел

Петти дел    Шести дел    Седми дел    Осми дел

Деветти дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *