Интернетот, глобализацијата и тоталитаризмот

rsz_big-brother-is-watching-you

– Интернетот и глобализацијата – дали тие се духовно опасни од гледиште на Православието? Дали тоа е од Бога или од…

– Од Бил Гејтс. Не треба да се дели светот според радикалниот црно-бел принцип. Има нешта што во нашиот свет влегуваат од Бога; има нешто што е провоцирано од сатаната. А има и нешта што ги твори самиот човек – и во доброто, и во лошото.

Што се однесува до опасноста – не е опасен еден одделен компјутер сам по себе. Опасна е наметнувачката компјутеризација. Таа создава нови можности за тотална контрола – ги имам предвид електронските карти, ИНН (идентификациски број на даночен обврзник) итн. Но, сепак, треба да се разликува социјална опасност од духовна опасност. Јас како христијанин не сум обврзан да „бегам од набљудувањето“. Поскоро напротив: постојаните разговори за тоа и сеќавањето на тоа, на крајот на краиштата, се способни да ја повредат душата. Во советските времиња сите бевме „под капата на Милер“, но тоа не ни пречеше да веруваме, дека, всушност – ние сме под покровот на Божјата Мајка. Ако во нас ја немавме таа наша вера – и од под „капата“ не би влегле во Црквата, туку ќе се сурневме како толпа на исплашени и огорчени стаорци (зашто во подрум само стаорци можеш да сретнеш).

– Јас се извинувам за некои прашања, но тоа што Вам Ви се чини потполно разбирливо, бидејќи постои внатреправославна дискусија, за луѓето вон таа дискусија не им е сосема разбирливо. Да речеме, некој човек, кој работи со компјутер, развива интернет-сајт и одеднаш почнуваат да го проколнуваат луѓе што себеси се нарекуваат православни. Човекот почнува да се чувствува непријатно и е подготвен целото свое негативно чувство да го пренесе воопшто на Православието…

– Еве во што е проблемот: во современата цивилизација понекогаш не е многу јасно, каде е границата што го одделува моментот, кога човекот игра на компјутерот, од моментот кога компјутерот започнува да си игра со човекот.

Работава е во тоа, што компјутерите, компјутерските мрежи и технологии приватниот живот на човекот, неговиот внатрешен свет го прават попроѕирен и, соодветно на тоа, ранлив. На пример, компјутерот дозволува многу оперативно да се пронајде информација и долго да се чува; при што, таквата информација, која претходно не била подложна на контролирање: информација за здравствената состојба, за пренасочувањето на личните пари, за тоа, во која продавница, кога, какви пари сум потрошил за да придобијам некаква стока и некаква книга.

Електронските пари се сериозен напад врз правата на личноста во општеството. Тие твојот приватен живот го прават проѕирен. Според твоите сметки може да се определи секој твој повик, купен весник, книга. Тие на тој начин дозволуваат да биде откриен светот на твоите убедувања. Според тоа, какви книги и весници купувам, може да се состави претстава за тоа како живеам.

Во принцип, не е тешко да се направат такви програми, кои овозможуваат да се фиксираат моите влегувања во Интернет: на кои страници влегувам, што разгледувам, што „симнувам“. И тоа значи дека човекот, мислејќи дека е во ситуација на анонимност, зема некаква информација од некаков за него интересен сајт, но некој друг (некој кој има специјална техника и дозвола од специјална служба) добива можност за контрола: тој знае, со што тој човек живее.

Се сеќавате ли како во советските времиња го сокриваа Солжењицин: западните книги што самостојно беа издадени, ги омотуваа во други корици, ги поставуваа на тајни места, никогаш не ги читаа во присуство на други луѓе. Или како си разменуваа помеѓу себе касети: на Висоцки или Галич – она што не можеше да се најде во продажба.

И така, ако некогаш во државата повторно се појави задолжителна идеологија и повторно се појави поделба на граѓаните на „црни“ и „бели“ („белите“ треба да размислуваат така и така), тогаш со помош на Интернетот, којшто нема државни граници (тоа е негова добра карактеристика), многу лесно може да се појасни, а кој, всушност, размислува „неправилно“.

Додека станува збор за свет, кој е доволно трпелив кон различните убедувања – во тоа нема ништо страшно. Но, ако одеднаш во државата се појават идеолошки приоритети – официјални или неофицијални – тогаш тоа сериозно може да се одрази врз судбината на граѓаните. Нешто што многу добро се забележува во САД и во Европа. Таму има правила на политичка коректност, забранети теми за опсудување. На пример, оној што се обидува да го постави прашањето за предимството на Христијанството пред јудаизмот или се зафати со критика на јудејската мистика, веднаш ќе биде лишен од работа. На тоа работи една голема машина – се нарекува „Антидифамациска лига“ и таа ги следи „некоректните искажувања“.

Во една од своите книги, посветена на проблемот на антисемитизмот во руската литература, тие сите руски класици ги нарекоа антисемити. Дури и Пушкин. Тоа мене ме зачуди. Прочитав и сфатив, дека антисемитизмот на Пушкин (и Гогољ) се пројавил во тоа, што тој не создал ниту еден крупен позитивен лик на Евреин: „Досадно отсуство на позитивен лик на Евреин во творештвото на величествените писатели“. Во САД сега еврејската дијаспора ја зазема улогата на КПСС во Советскиот Сојуз.

totalitarizam kompjuter

– Во секој случај, во САД Вас нема да ве фрлат во ГУЛАГ.

– Во СССР, исто така, не секогаш ставаа лисици. Но, ако не си се потпишал на весникот „Правда“ за време на сеопштото потпишување, тебе потоа ти објаснувале, дека си постапил некоректно. Потоа започнувало – платата не ти ја покачуваат, ти се подготвува упат за во санаториум, па ред на станот му доаѓал, статијата од весникот ти ја сечеле. Ваков притисок јасно се чувствувал и се забележувал кај оние луѓе што се обидуваат да одат наспроти текот, зашто силата на текот се определува тогаш кога му се спротивставуваш нему, а гредата што плива по течението заедно со останатите, не може да ја забележи. И во САД има таков тек. Тоа веќе не е бара, во која секој плива накаде што сака. Усовршувањето на техниката на социјална контрола и идеолошко зомбирање ќе го направи тоталитаризмот на 21 век многу поопасен од тоталитаризмот на 20 век. Исто како што диктатурите на Хитлер и Сталин биле поопасни од наполеоновата диктатура.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел    Петти дел    Шести дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *