Биоетика (6): За сурогатното мајчинство

А што мислите Вие за сурогатното мајчинство?

Тоа е обид, традиционален за нашето постмодернистичко време, да се раствори човекот во машинските технологии, кога се гази самата суштина на големата тајна на љубовта. Согласувајќи се да износат дете по нарачка, многу жени дури и не сфаќаат каква болка ги очекува понатаму, болка од раскинувањето на врските, коишто мајката ги востановуваат за време на бременоста со своето идно, макар и генетски нејзе туѓо, дете. Таа болка неа потсвесно ќе ја следи сиот нејзин живот и никакви пари нема да го компензираат тоа.

surrogacy-armenia

Неодамна, една штотуку породена жена ми раскажа за таа нагла промена на чувствата, што таа ја доживеала во денот на пораѓањето. „Повеќе нема да се согласам да раѓам“– извикала на почетокот. Но, веќе по неколку часа од пораѓањето, воскликнала: „Сакам пак!“. Бог (или, ако сакате, природата) во женскиот организам устроил некаков вид на „наркотична“ фабрика: по пораѓањето таа започнува да работи и да ја наситува мајката со ендорфини, коишто пораѓаат радосно-еуфорично расположение. И токму во таа радост се зачнува мајчинското чувство. Инаку, веќе спомнатата родилка рече дека првата ќерка ја раѓала под анестезија: „Едноставноsurrogacy-250x250 заспав, а кога се разбудив, ќеркичката лежеше веднаш до мене“. Според нејзиното признание, потоа ѝ требало многу време, за да ја почувствува малечката како вистински своја. Но, по второто пораѓање, без анестезија и со болка, таа веднаш ја почувствувала сета мера на својата љубовна и животна соединетост со ќеркичката. Жената, којашто не поминала низ породување, на своите раце ќе го добие своето бебе без болка, но и без радост. Ќе се разбуди ли во неа мајчинското чувство?

Овде постои и друг ризик. Во многу случаи, таа репродуктивна технологија ќе биде искористена од „семејствата“, коишто, во принцип, не можат да имаат деца. Станува збор за хомосексуалните двојки. Треба да се замислиме над тоа, дали треба детето уште од самиот почеток на неговиот живот да го нурнуваме во таква средина, во која се гарантира неговата лишеност од радоста на обичниот живот, обичното мајчинство и татковство.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трети дел    Четврти дел    Петти дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *