Биоетика (5): За контрацепцијата

А како гледа Црквата на проблемот со контрацепцијата? Дали тоа е неопходност или, сепак, зло?

Црквата без никакво чудење гледа на контрацепцијата. Но, во исто време, во нашата социјална концепција има многу резервен, внимателен пристап. Црквата категорично е против оние методи на контрацепција, коишто носат абортивен карактер – т.е. го убиваат веќе зачнатото дете. no-pregnancyШто се однесува на контрацептивите со спречувачко дејство, тогаш овде односот е посложен – сè зависи од мотивот на човекот. Ако тие се употребуваат едноставно заради тоа, да не се зема на себеси одговорност, да се обезбеди комфортот на својот живот, тогаш тоа е извратување на самата смисла на сопружничкото соединување. А друга работа е кога, да речеме, родителите се вознемирени од тоа што тие веќе имаат четири деца и ако се појави уште едно бебе, тогаш тие на своите постари деца не ќе можат да им ја дадат должната грижа, образование. И затоа го одложуваат раѓањето на своето идно дете. И уште повеќе – ако контрацептивите се употребуваат од медицински причини. Во тој случај, односот на Црквата е поблаг.

Но, во ваквите дискусии секогаш ќе има несогласувања, притоа, исто така, и по основните принципи. Возможно ли е да се најде заеднички именител?

Главното несогласие меѓу христијанските и светските пристапи кон биоетиката се состои во одговорот на прашањето, што е тоа човек. Телесен организам или нешто повеќе? Кога започнува човечкото постоење: со минутата на зачнувањето или со моментот на исходот од лоното на мајката? Кога престанува животот на човекот: со престанувањето на функцијата на мозокот или, пак, со моментот кога здодеало да се живее? Кога човекот станува човек и кога тој престанува да биде тоа?

Но, во што е овде тешкотијата: само што сте дошле до јасно формулирање на она, што е човекот, вие закажувате создавање на контрационен логор. Затоа што со помош на таа ваша формула вие сега можете човеколиките суштества да ги разделите на два вида: на едни ќе им дозволите да се нарекуваат луѓе, а други, според вашето гледиште, ќе бидат нелуѓе; тие ќе се најдат вон етиката, вон законот. Тие тогаш ќе можат да бидат уништувани… Јас не разбирам, зошто детето во состојба од минутата на раѓањето плус една недела е човек, а минус една недела е недочовек…

Затоа и велам дека таквите предмети, како биоетиката, се потребни – едноставно заради тоа, да се научиме да гледаме на човекот не само преку окцето на микроскопот.

Од гледиште на Христијанството, човекот, освен срцето, слезинката и останатото, има уште и душа. И нејзе ѝ е потребен повод за живот, повод за возрастување. А размислувањата над моралните проблеми и е повод за тоа, да се најде во себе самата таа душа и да се изведе од полуатрофираната состојба.

Но, зошто лекарот треба да размислува за душата, кога тоа е лична работа на пациентот? И воопшто, со душата се занимаваат лекарите во раса, т.е. свештениците. Тоа е нивна директна обврска, а не на лекарите. Лекарот го лечи телото…

Ние сме должни да размислуваме за душата,article-hands-hospital-bed токму затоа што таа е еден од условите за исцеление на телото. Преку душата на болниот, како и преку душата на лекарот, може да се убрза или, пак, да се успори процесот на исцеление, дури и на чисто физичките болести и трауми.

Не треба да се заборави дека покрај школите на западната новоевропска медицина постојат и други школи, да речеме, источни, чија мода во наши денови е крајно голема. Тие поаѓаат токму од тоа, дека човекот е целосно суштество и дека патот до неговото лекување лежи преку душата.

Православието се согласува со тоа. Затоа, пред да се одлета на Далечниот Исток во потрага по лекарства и егзотични методи на исцеление, ајде да се обидеме да погледнеме што има во нашата европска христијанска традиција.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трети дел    Четврти дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *