За црковната мисија на Интернет

kuraev misija

– А има ли сега на Интернет многу конзервативни православни сајтови?

– Да, многу. Оние, на кои има форуми, и каде што јас најчесто разгледувам, ги има околу десет. А такви, на кои само се поставува информација, ги има многу повеќе.

– Дали веќе се појавија некои проблеми околу црковниот Интернет?

– Денес на Интернет се чувствува остар недостаток од позитивна црковна публицистика, која неофицијално би ја објаснувала официјалната позиција на Црквата. Повторно се случува заостанување во темпото. Во интернет-просторот навлегоа луѓе со „свои идеи“, „со луди идеи“. Тие создаваат свои активни сајтови, ги има во сите форуми, го наметнуваат своето гледиште. А гласот на стабилното црковно мнозинство и ерархија речиси и да не се слуша.

Пред сè, нема ниту еден жив форум, на кој задачите на модераторите би биле да го одразуваат официјалниот црковен став. Оперативно ќе се појави информација за решенијата на Синодот, за изјавите на патријархот. Но, потоа настанува пауза, на разни форуми околу таа информација се започнуваат различни сплетки и претолкувања и добро е, ако некаде неа ќе ја коментираат свештеници што здраво размислуваат, но тие не се уполномоштени. На Патријаршијата ѝ недостасува нормална и здрава полемичност, која ќе го брани врховниот став во врска со прашањата, врз кои Црквата бива напаѓана.

– Какви треба да бидат интернет-ресурсите, за тие да работат реално и да помагаат да се решат задачите што стојат пред Црквата?

– Јас веќе реков дека е неопходна интерактивност, дека е неопходна возвратна реакција. За тоа треба да се побараат луѓе, кои коректно и со сериозен богословски багаж ќе можат да ја објаснуваат позицијата на нашата Црква. Овде е поставено прашањето за привлечување на наставничките сили на нашите духовни академии. Треба да се има сопствена аналитичност. По што е добар порталот „Кредо“, сајтот на Сретенскиот манастир или на „Радоњеж“? По тоа што таму постои сопствена авторска аналитичност. За нејзиниот квалитет сега нема да зборуваме, тие сајтови имаат различна ориентација, разни акценти, но важно е да имаат самостојни материјали со анализа на печатот и на црковните собитија. Треба да се возроди жанрот на есеистиката.

– Дали постои некоја специјална мисионерска стратегија, која ја има предвид специфичноста на интернет-просторот?

– Интернетот ѝ е потребен на Црквата како средство на нашето сопствено воспитание. Интернетот е извонредна форма на аскетско возрастување. Работата е во тоа, дека некогаш нам ни е тешко да ги заштитуваме нашите светињи, имено, од причина што ние ја љубиме нашата вера и нашата Црква. Затоа и реагираме емоционално, непромислено. И тоа ѝ штети на самата таа вера, која ние се обидуваме да ја заштитиме. Интернетот ни дава можност да земеме пауза и да ги погасиме своите емоции, да ја пронајдеме потребната информација, да ја промислиме формата на својата реакција и содржината на својот одговор.

kuraev misija2

Сметам, дека откритието на интернет-форумите претставува социолошки модел на нашето современо општество. Така што, нема да покажуваме во огледало…

Како што во реалниот живот православните мечтаат за гето, така и во Интернетот. Насекаде има лозинки, портирници, стерилна атмосфера, за никого да не се пушта, да нема никакви секташи, туку само луѓе од нашиот круг. И сите да ги замрзнуваш, анатемисуваш, „чекор лево, чекор десно и бегај“. Затоа што мечтата на современиот нормативен православен човек е да влезе во конзерва и да се затвори однатре. Гето со сопствени раце. Дури и во Интернет сакаат да создадат гето: и таму туѓиници не пуштаат.

Како што и во реалниот живот православните се покажуваат многу често беспомошно агресивни, така и на форумот. Како што во реалниот живот православниот секогаш треба (треба не значи дека може) да биде спремен да даде одговор, така и на форумот. И сектантите се еднакви сами на себе – како на форумот, така и надвор од неговите предели. На оној, кому условите на форумот му изгледаат ладни, со тоа признава дека тој едноставно не умее да живее во светот на луѓето. Тој сака да избега од реалниот раздразлив контакт со разноразни луѓе и да се сокрие во виртуелното светче на парохиските сплетки. Оние што го осудуваат мојот форум заради неговата отвореност, можат да зборуваат за Православието, само ако претходно знаат дека опонентите се лишени од правото на одговор. Но, ако имате што да кажете во заштита на Православието, тогаш зборувајте. Кој Ви пречи? И ако ние, на тие местенца, во топли услови, не се научиме да го заштитуваме Православието, ако православните луѓе почнуваат да бегаат од форумите при средба на секој сектант, тогаш тоа ќе значи, дека за нас и во реалната Русија нема место. Зошто сметам дека форумот е место со топли услови? Да, секако, таму ќе ословуваат, навредуваат, но и во реалниот воз тоа можат да го направат. Само што во возот, при средбата со сектанти и борбени атеисти, нема да се има можност да се избере опцијата „повикај пријател“, да провериш цитат од Библијата или од Јован Златоуст. На Интернет никој не те обврзува да одговориш за пет секунди по појавата на пораката, што ти го привлекла вниманието. Можеш да одговориш по една недела, а за тоа време да си ги собереш мислите и да си ги средиш чувствата. Овде многу зависи од стилот, од умешноста да не се престапува границата на агресијата.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *