Старец Епифаниј за сексот пред брак

rsz_apple-adam-and-eve-graphic-painted

Има многу посветени христијани што си го поставуваат ова прашање: ако водиме љубов пет минути пред нашата венчавка е грев, но ако водиме љубов пет минути подоцна, тогаш е во ред?

Токму тоа е природата, силата и вредноста на Светите Тајни: да ги променуваат нештата, да ги менуваат ситуациите, да ги преобраувзаат настаните, да го направат грешникот свет, да го благословат забранетото, да го воздигнат земното кон небесата.

„Пет минути“ пред благословот на свештеникот, на Светата Трпеза имаме „леб“ и „вино“, но „пет минути подоцна“ пред нас се Божественото Тело и Крв на нашиот Господ!

„Пет минути“ пред хиротонијата на епископ, „избраниот“ е сè уште презвитер и не може да ракополага клирици, но „пет минути подоцна“ откако ќе биде хиротонисан на Божествената Литургија, тој ќе може да ракополага презвитери и ѓакони.

Но, зошто да останеме во пределот на Божествените и натприродни Свети Тајни на нашата Црква? Можеби и во световниот живот има слични паралели.

„Пет минути“ пред потпишувањето на договор кај нотар меѓу две вклучени страни, тоа е само парче хартија, но „пет минути подоцна“ истото претставува неоспорлив јавен документ со законски последици (права и обврски), понекогаш до неизмерливи граници.

„Пет минути“ пред склопувањето на сојуз, потпишаното не се разликува од обична свиткана хартија, но „пет минути подоцна“ ја има силата да ја определи судбината на стотици милиони.

„Пет минути“ пред инаугурацијата на Претседател, човекот е само еден обичен граѓанин без никаква моќ, но „пет минути подоцна“ ја има моќта да ја разреши Владата и да го распушти Парламентот.

Да, „пет минути“ пред бракот телесните односи на двојката се грев, а „пет минути подоцна“ – не.

старец Епифаниј Теодоропулос

Извор: http://www.johnsanidopoulos.com

Г.Г.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *