Отец Ричард Рене: Ное

rsz_noah-img1

Минатата недела со моето семејство бевме да го гледаме филмот „Ное“ на режисерот Дарен Арнофски. Свесен за контроверзноста што се врти околу овој филм меѓу другите христијански заедници, јас немам намера да навлезам во дебата. Целосно уживав во филмот, но немам намера да го бранам од критичарите. Ниту, пак, се обидувам да понудам сериозна анализа на филмот; Peter Chattaway на неговиот блог Patheos веќе направи далеку подобра работа околу ова, подобра отколку што јас би можел. Како свештеник, мојата намера, по барање, е да понудам некаква анализа од гледна точка на православен свештеник, како некој кој ја следи популарната култура, фокусирајќи се на она што може да нè научи за духовниот живот и Царството Божјо.

Noah-movie-review-noah

Затоа, еве неколку мисли, базирани на едно гледање на филмот кој со сигурност заслужува и добива поголемо внимание.

Прво, додека го гледав „Ное“ очигледно ми беше дека создавачите на филмот – Дарен Аронофски, режисер и сценарист, како и Ари Хендл, косценарист со него – имале сериозен пристап кон изворниот библиски материјал. Противниците на филмот го обвинија Аронофски дека си играл држи-пушти со Битие, и вистина е тоа дека тој излегува од границите на приказната раскажана во Битие од 5-9 глава, и дека „Ное“ не се придржува апсолутно на секој детаљ од библискиот текст. Да, некои детали, како концептот на Аронофски за „џиновите“ споменати во Битие 6,4, се креативно интерпретирани, така да кажеме…

noe1

Колку и да си зеле слобода, сепак, ќе се согласам дека творците на филмот направиле избори во служба на поголема цел. Иако џиновите, паднатите ангели покриени со камења, дефинитивно беа спектакл во манирот на Питер Џексон, тие не беа присутни единствено да ги задоволат барањата на холивудската публика. Напротив, како што самиот Аронофски изјави, тоа било со намера да се обработи библиското сведоштво и да се произведе популарна уметност, која говори за интересите на оние што се сметаат себеси за „луѓе на верата“, за кои сторијата за Ное и ковчегот говори за нивните животи денес.

Russell Crowe as Noahnoe3

Кои се тие важни поенти? Ќе истакнам три.

1.Човекот е пазител на Божјото создание. Ако „Ное“ дава некаков впечаток, тоа е дека светот е дар од Бога и дека човекот, кој бил повикан да го негува тој дар, не успеал во својот повик.

Аронофски ги претставува негативците – Тубал-Каин и неговите луѓе – како индустриска цивилизација која ја расипува и експлоатира земјата. Хероите – Ное и неговото семејство – се херои до мера дека тие се обврзале себеси да ја зачуваат и обноват природата во нејзината поранешна убавина и здравје. Тие го преживуваат потопот само како оние кои се грижат; централната криза на филмот се движи од убедувањето на Ное дека тој и неговото семејство се исто така расипани како Тубал-Каин и неговите луѓе, и треба да умрат штом потопот престане и животните бидат на безбедно.

MCDNOAH EC011

Фокусирајќи се на оваа тема – човековиот однос кон неговата околина – Аронофски говори за една од централните етички грижи на нашето време. Додека христијаните во целост можеби го сметаат ова прашање за второстепено, православните христијани можат и треба активно да се вклучат во дискусијата. Конечно, православната теологија исповеда дека преку Воплотувањето, Бог е присутен насекаде и сè исполнува (да ја парафразирам нашата молитва кон Светиот Дух). „Ное“ прашува како можеме „и да бидеме потчинети и да имаме власт“ над земјата (како во Битие 1), и во исто време да го исполнуваме нашиот повик да бидеме негувачи на созданието (како во Битие 2). Православните христијани можат да понудат сопствен одговор на ова прашање, преку артикулирање на нашето поимање за човекот како некој кој го потврдува неговото господарење над земјата, не со насилна експлоатација, туку со евхаристиско принесување на Бога „за сите и за сè“.

(продолжува)

отец Ричард Рене

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *