Дали разумот е неопходен за спасение (2)

Молитвите што ги составил71631605_1299403853_10212677_7251902_Monahе светите подвижници несомнено го одржуваат нивниот молитвен опит и имаат вероучителска смисла. Ако молитвата е неразбирлива за оној што се моли, бесмислено е да се говори за усвојување на нејзината содржина. Во тој случај молитвата станува некоја магиска бајка, која делува само заради изговарање на зборови (ex opere operato). Но, Благодатната молитва според светите отци, секогаш е поврзана со умот. „Благодатта се крие во длабочината на умот, во сетилата на умот“ вели Дијадох Фотихијски. Преподобниот Евагриј Понтиски молитвата ја нарекол беседа на умот со Бога. Затоа е потребно да се изучи јазикот на молитвата, да ја направи разбирлива молитвата, затоа што на тој јазик ние разговараме со Бога.

Во аскетската традиција, молитвениот подвиг кој овозможува приближување на подвижникот до Бога се нарекува умна работа, не срдечна, туку умна. Да размислуваме без ум е невозможно. За да се разбере молитвата, подвижниците препорачуваат при првите знаци на „автоматско“ молење, молењето да се успори, па дури и да се прекине.

Псалтирот, кој е молитвеник за подвижниците и аскетите во секое време, содржи псалми кои имаат карактеристично упатство. Размислувањето е важна работа во аскетиката. Умот кој размислува со логика донесува правилни одлуки и заклучоци.  Но со отфрлувањето на умот ние ја отфрламе и логиката, а со тоа се лишуваме себеси во главната борба со лагата. Не смееме да зоборавиме дека во Светото Писмо „татко на лагата“ е наречен ѓаволот (Јн 8,44), а едно од имињата на Бог е Логос. Логиката е лек од заблуда, од незрел или нездрав ум. Логиката дејствува до одредени граници; откровението за Бога можеме да го изразиме само со логички парадоксантиномија.

Светите отци имале сериозен однос кон нарушувањето на логичкото устројство на мислите. Свети Григориј Ниски во канонско послание пишува за: „… гревовите кои се однесуваат на мисловната способност на душата“. Логиката е неразделиво својство на разумот, без логика нема ни разум. Нарушувањето на логиката е нарушување на разумот. Без разум човекот останува незаштитен во односот со лагата, а лагата води кон морален пад.

Многу светители кои не поседувале големи способности за расудување, имале исклучително развиено морално чувство кое им помагало да ги разликуваат суптилните нијанси на гревот, за кои ние не ни размислуваме, а тоа е пред сè дар Божји. Кај грешниот човек, моралното чувство е значително намалено и тој без разумот не може. Срцето кое е наполнето со лага не може да пружи вистински мир. Но разумот кој се обновува преку логиката и вистината, може да го смири срцето што е разбранувано од лагата – тоа формира чувства. Светителот Филарет (Дроздов) како пример за проповедниците како умот дејствува на срцето, вели: „Убедливоста на умот на проповедникот, сама по себе во него повторно го раѓа живото чувство на срцето“. „Неправилните чувства се од умот“ – говори преподобен Јован Лествичник. А преподобен Максим го поврзува почетокот на злото со неправилниот однос кон умот: „Велат дека злото не би постоело во созданијата кога не би имало сила што би го привлекувала кон нив. Но таа сила не е ништо друго, туку природните енергии на умот“. „Причината за страст е чувството“, ни открива свети Јован Лествичник. Страста почнува со емоционалната поврзаност, убавите чувства. И жената гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето… (1Мојс 3,6) – така во Библијата се опишува тоа што му претходело на првородниот грев.

Човекот не е хармонично битие (како што тврделе древногрчките философи), туку хиерарахично. Емоционалната сфера во таа хиерархија, ја завзема потчинетата положба, пониска од духовната и умствената сфера. Токму заради тоа што емоционалната сфера е послабиот дел во хиерархиското устројство на човекот, во аскетиката постои принцип на потиснување на душевните емоции и борба со страстите со помош на умот, бидејќи „неправилните чувства“ (страст) произлегуваат од умот. Но „складиште на помислите“ според подвижниците, е срцето, бидејќи помислите доаѓаат низ него. Трезвеноста е борба на умот за чистото срце, бидејќи слепото срце кај паднатиот човек не ја разликува оваа поврзаност. Да го предадеш срцето на волјата, значи да им дадеш неконтролирана власт на страстите. Умот поседува способност за самоконтрола, самоограничување, па затоа човекот се потпира на својот разум и логика, може да ги разликува и контролира своите чувства.

2 (1)

Самиот аскетски подвиг на спасението започнува со стекнување на расудување без кое, според мислењето на светите отци, не може да се пристапи кон никакво дело. Секој нека остане уверен во својата мисла (Рим 14,5) – поучува апостолот. Во гревопаѓањето на првиот човек, иако срцето било победено повеќе од умот, сепак прво пострадал умот. „Во Адам умот не само што паднал, туку е и прв поразен и тоа што е поразено, на тоа спасението му било најпотребно“ – говори св. Григориј Богослов. Тоа значи дека умот прв мора да биде очистен и обновен. „Во која мера човекот ќе го очисти својот ум, во таа мера тој ќе ја види славата Божја“ – говори св. Ефрем Сирин. „Бидејќи како што светлината во очите, соединувајќи се со сончевите зраци, постанува совршено светло и на тој начин овозможува поглед кон предметите, така и умот, постанувајќи едно со Господ, благодарејќи на тоа ги согледува духовните предмети“ – ни вели св. Григориј Палама. Очистувањето на умот во аскетиката се претставува како борба со ѓаволот. Преподобен Силуан Атонски за тоа ни говори: „Умот со умот се бори – нашиот ум со умот на непријателот“. „Ако човекот не го користи умот, тогаш ѓаволот го користи“ – старец Пајсиј Светогорец.

Затоа аскетите особено внимание му посветуваат на умот. Во аскетиката дури постои и дисциплина како што е „аскеза на умот“, – интензивно читање и размислување кое овозможува прочистување на умот. И таквата пракса никако не противречи на опитот на молитвениот подвиг, туку напротив, самата молитва ја прави поделотворна. Молитвениот подвиг кај исихастите бара напрегање со сите сили внатрешна умносрдечност, во која умот има улога на раководител или кординатор на центарот. Благодарејќи на силата на умот, може да се соединат силата и енергијата, а во спротивно, да се расејат, да се насочи делот на силата на некое неопходно дело, неоставајќи го главното – молитвениот подвиг.

свештеник Владимир Соколов

Од книгата: „Младостарчество и православна традиција“

Подготвил: ѓакон Никола Митевски

Прв дел

Еден коментар

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *