Молитва за компјутерот

rsz_kuraev_molitva

– Католиците имаат светител – покровител на Интернетот, Исидор Севиљски. Дали на Православната црква ѝ е потребен ветија – заштитник на информационите технологии?

– Мислам дека би било многу здраво, доколку апостолот Јован Богослов го сметаат за покровител на православниот Интернет. Апостолот Јован не како автор на Евангелие, а како старец, кој последните години од својот живот повторувал само една фраза: „Деца, љубете се еден со друг“.

Појавувањето на „интернетски светии“ кај мене не предизвикува никакви иритации. Сметам, дека Црквата е повикана кон тоа да ги о-све-ти со својата светлина сите сфери на човечкиот живот. Човекот не може да каже вака: „Јас два часа на ден во Црквата сум христијанин, а сето останато време дејствувам како обичен човек“. Т.е. не е важно каде сум: на работа, дома, во транспорт – насекаде треба да помнам, дека постои некој систем на вредности – етички, религиозни, кои цело време треба да ги подражавам. И работата на Интернет не треба да биде исклучок.

Можеби, луѓето по пат на опит ќе најдат, кој светител им помага на оние што работат на Интернет. Искрено да кажам, мојата мечта е поинаква: јас би сакал во 21 век да се појават специјални молитви за работа на компјутер. Во нашите црковни требници има молитви за селаните: молитва за стоката, молитва за осветување на кладенец, молитва за осветување на кочија. Сега се појавија молитви за осветување на автомобили, авиони – супер. А јас многу би сакал, како што имаме молитва за избавување од скакулци, така да се појави молитва за избавување од компјутерски вируси.

???

Искрено да кажам, знам за таква ситуација. Московскиот свештеник Олег Стенјаев напиша книга за кришнаитите, при што таа книга беше напишана на многу интересен начин – таа беше напишана на основа на дијалози, кои тој ги водел со лидерите на кришнаитите. И кога книгата веќе била напишана, еден од кришнаитските брамини му дошол на гости. Тие поседеле, поразговарале два часа. И кога потоа свештеникот се обидел да го вклучи компјутерот, на кој ја пишувал книгата, тој не се вклучувал. Тој го вклучил резервниот компјутер, каде што била копијата – истиот ефект, а на дискетите немало копии. Компјутерите „цркнале“ и две недели никој ништо не можел да направи со нив.

По две недели му дошол на гости белгородскиот архиепископ Јован и отец Олег се пожалил: „Еве, Вие ми благословивте да напишам книга за кришнаитите, но по доаѓањето на еден од нив кај мене на гости, дали случајно, дали поради нешто друго, но компјутерите на кои се чува таа книга, не се вклучуваат“. Архиепископот едноставно возгласил: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“, ги прекрстил компјутерите – и тие проработиле…

– Да, искрено речено, ако помалку знаев за компјутерите, тогаш, можеби, скептички ќе се однесував кон оваа приказна. Но, секој програмер, кој долго работел со компјутери, знае дека понекогаш тие апарати можат да се однесуваат ирационално, т.е. вон логиката на програмата – некаква компјутерска мистика… На пример, понекогаш се случува корисникот да каже: Вашата програма не работи. Одиш, ја инсталираш и сè работи без пречки, ги проверуваш сите режими – полн поредок… Јас тоа го нарекувам: програмата го чувствува стопанот. А како, воопшто, се создаваат молитвите?

– Природно, молитви пишува оној, кому тие му се најтребни од сè. Не треба да се мисли, дека ќе се собере некој кружок на монаси, којшто ќе изнесе решение: „Ајде да ги усреќиме компјутерџиите со таква молитва“. Најверојатно, такви молитви составуваат самите компјутерџии (кои, можеби, веќе примиле монаштво). Потоа, веќе по совет со филолози, тој текст ќе се славјанизира, воцркови, а потоа ќе се утврди на Синодската богословска комисија.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел

Петти дел    Шести дел    Седми дел    Осми дел

Деветти дел    Десетти дел

Г.Г.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *