За религиозната слобода

rsz_dolar_anverso

– Добро, тоа е прашање за државата, условно речено: дали е возможен или не тоталитаризмот, но зошто овде прашањето на религијата?  

– Сфаќате, во текот на претходните илјада и пол години – од императорот Константин Велики до императорот Николај Втори – сите промени, усовршувањата во техниката на државната контрола Црквата попрво ги поздравувала, затоа што сметала: „Еве, ова е за наша заштита, еретиците ќе ги гонат, не нас. Зашто ние сме со власта, нашиот цар е православен, затоа нема да имаме проблеми…“ Во средината на 19 век, светителот Игнатиј Брјанчанинов во текот на дискусијата за судбината на крепосното право дури напишал и трактат со изложување на „точното учење на Православната црква за ропството и робовладетелството“, чија смисла била во утврдувањето, дека „меѓу духовната слобода и граѓанската слобода нема никакви врски“. Денешното црковно мислење веќе не се согласува со тоа: граѓанската слобода се восприема како услов за религиозната слобода, а затоа и како вредност, која верните луѓе треба да ја заштитуваат. Одовде доаѓа и масовното незадоволство на православните луѓе од присвојувањето на електронските броеви (ИНН).

Така што, за мене во синтагмата „нов светски поредок“ акцентот стои на зборот Ordnung.

Опитот на 20 век покажа, дека утврдувањето на репресивните и фискални мускули на државата може да создаде проблеми не само за еретиците и престапниците, но и за нас. Затоа сега Црквата на сето тоа гледа од аспект на потенцијални жртви и потенцијални дисиденти.

Не заборавајте – Православната црква на сопствена кожа искуси во 20 век што е тоа да бидеш гонет. И затоа, кога повикуваме со крајна внимателност да се однесува кон создавањето на компјутерски глобални системи – тоа значи дека Црквата за првпат во илјада и пол години од својата историја се идентификува себеси со гонетите.

Може да се покаже, дека ние своите умови сме ги предале во власта на необјаснивите „фобии“ и нам ни се причинува гонење таму каде што, всушност, процветува полната слобода. Спомнете си за озлогласените „три шестки“. Претставете си дека има едно дете во класот, коешто без никаква политика има една доволно чудна навика: насекаде поставува три шестки – во своите тетратки, дневникот, тетратките на своите сокласници, на училишната табла, на клупите итн. Ќе кажете ли дека сè во ред со тоа момче, или ќе кажете дека има проблеми?

– Па, секако, има некакви проблеми…

– А нашиот проблем е во тоа, што денес тие деца управуваат со светот.

???

– Вие тешко дека ќе ја оспорувате мојата претпоставка, дека символичната наполнетост на банкнотата на доларот ја определуваат луѓе што имаат овластени полномоштва… А при сите реформи на надворешниот облик на доларот, неизменлива останува ширината на банкнотата – 66,6 милиметри…

Секако, поради тоа што творците на тој систем си играат со три шестки, не значи дека се сатанисти или дека тие сознателно ги предизвикуваат христијаните. Тој број се сретнува двапати во Библијата и има различна смисла. Првпат се среќава во книгите на Стариот завет и таму бројот 666 е број, што го символизира светското богатство: 666 таланти злато му платиле покорените племиња на Соломон. А вторпат тој број се среќава во Новиот завет, во Апокалипсисот – и таму веќе тој претставува печат на сатаната.

И така, можеби, луѓето што го наситуваат нашиот свет со наметливите шестки, се луѓе за коишто Новиот завет не е авторитетен. Ним им се драги книгите на Стариот завет: царот Соломон е дел од нивната лична, национална религиозна традиција, и затоа за нив тоа е добар символ, символ на богатството, символ на успехот, затоа со тој символ ги спроведуваат сите свои производи и документи. Можеби е така, но претставете си, ако кажам: „Знаете, во моето разбирање свастиката е добар символ“ и појаснам дека тој многу пред Хитлер се среќавал кај Индусите и Словените, и почнам насекаде да ја цртам таа свастика. А на луѓето кои ќе се возмутат, на ветераните на Втората светска војна или на Евреите ќе им говорам: „Не смутувајте се, во моето сфаќање тоа не е знак на фашизмот, тоа е древен знак на сончевото движење.“ Нема ли моето поведение да го наречете лукаво и цинично?

svastika

– Безусловно, луѓето што прават такви записи, не може, а да не знаат, дека во една од најмоќните религии во светот тој символ се восприема негативно.

– И тоа значи, дека во сознанието на тие луѓе седи мислата: „Како да ги раздвижам мислите на милиони христијани?“ За нив тоа е ситница, мала забава. А во таков свет, во кој таквите „деца што се забавуваат“ имаат голема власт, кај христијаните се појавува чувство, дека од такви шеги – сега засега шеги – со време може да дојде до нешто посериозно. На крајот на краиштата, гонења на Црквата започнувале од анегдотите на Волтер.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел

Петти дел    Шести дел    Седми дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *