Дали во современиот свет се исполнуваат пророштвата на Апокалипсисот?
– Разбирам, а сатанизмот, од гледиште на Црквата – дали тоа е поклонување на сатаната или нешто друго?
– „Сатанизам“ е строг термин. Тоа е или поклонение на сатаната, или апологија на сатаната, или, пак, како минимум, такво претолкување на библиските сижети, каде што се споменува сатаната и каде што тој станува позитивна персонажа. Не треба да се мисли, дека секое несогласување со Православието во нашите очи веднаш станува сатанизам.
– Дали сметате, дека во современиот свет се исполнуваат пророштвата на Апокалипсисот?
– Пророштвата на Библијата сознателно се составени на таков начин, така што секое поколение да може да ги приложи кон себе. Да речеме, ако општеството живее во состојба на раздор, војна, тогаш се споменуваат зборовите од Евангелието: и ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и тогаш ќе дојде крајот. А ако општеството е во стабилен период, тогаш на ум доаѓаат зборовите на апостол Павле, дека крајот ќе се приближи тогаш кога ќе говорат: „мир и безопасност“.
Така што, таа есхатолошка вознемиреност, самата по себе е природна нота на христијанската настроеност на умот. Овде е прашањето, таа нота да не стане гласна, владејачка, да не почне многу агресивно да го потиснува под себе сето многуобразие на животот, преведувајќи ги сите вести од весникот на јазикот на Апокалипсисот. Не треба да се уверуваме самите себе, дека сигурно знаеме дека на нашето поколение му е судено да биде последно. Неслучајно, во црковната православна традиција Апокалипсисот е единствената книга, која никогаш не се чита во храмот на богослужение. За да не биде изнесувана по улиците и пазарите, во светот на сплетките.
Да, ние знаеме дека има тревожни тенденции во сегашната „глобализација“.
Царството на антихристот, такво какво што е отсликано во Апокалипсисот е авторитативно-тоталитарно царство. Неговата авторитативност се состои во тоа, што тоа го контролира сиот живот на економијата. Граѓаните што не се согласуваат со политиката на државата, се осудени на бојкот. Кога не ќе може да се купува, ниту продава без соодветната символика на себе.
Тоа е тоталитарно затоа што се стреми да ги контролира душите на луѓето, восприемањето на едни или други настани, вклучувајќи ги и религиозните. Пред нашите очи се устројува глобално авторитативно царство, во коешто под предлог за борба против тероризмот се возвестува неопходноста од ограничување на личната слобода на граѓаните.
Тоа од една страна. А од друга страна, преведувањето на сиот документарно-номенклатурен и дури финансиски живот на јазикот на компјутерите, на електронската документација означува, дека нашиот живот станува апсолутно проѕирен, секој човек едноставно станува гол. И појавувањето низ целиот свет на шоуто од типот „Зад стаклото“ (Reality show) во тој контекст ни се чини ненавредлив: тоа е учење на човекот да мисли, дека живеењето под очите на видеокамерското набљудување е дури многу пријатно…
Затоа не секоја новост е достојна за радост. Кога ги слушам „новостите на глобализацијата“, си споменувам за натписот на проколнатиот „прстен на власта“ од „Господарот на прстените“ на Толкин: „Сите да ги најде, да ги соедини и со една црна волја да ги окова“.
Така што, христијаните не сакаат да учествуваат во сите реформи и не сакаме да бидеме допрени од сите промени.
ѓакон Андреј Кураев
Прв дел Втор дел Трет дел Четврти дел
Петти дел Шести дел Седми дел Осми дел
Г.Г.