Отец Александар Шмеман: За христијанското поимање на смртта (1)

(прва беседа)

Schmemann 2Ќе кажеме веднаш и без заобиколување: во човечкото сознание прашањето за религијата, за Бога, за верата, е неодделно од прашањето за смртта. Или, поточно, од прашањето за тоа, има ли нешто по смртта или не. Тоа е озлогласеното прашање за задгробниот свет и задгробниот живот, коешто не престанува да го мачи човекот. А бидејќи нема никакви научни, т.е. позитивни, очевидни и подложни на проверка докази по ова прашање, ниту на едната, ниту на другата страна, ни позитивни, ни негативни, затоа ова прашање останува вечно отворено и веќе со милениуми предизвикува страдални и мачни спорови.

Да, официјалните негатори на ондестраниот свет претендираат на тоа, дека тие нешто докажале научно, т.е. дека токму позитивно и научно може да се негира и постоењето на нешто по смртта, и бесмртноста на душата. Но, сите тие докази можат да бидат разбиени на начин, како што нив ги разбива, речиси попатно, Владимир Набоков во еден од своите раскази (притоа, да забележиме дека самиот Набоков е човек што не верува).

Во еден од неговите романи, еден човек умира по долга и мачна болест, и неколку минути пред смртта тој си доаѓа на себе, се разбудил од долготрајното бунило и со сета сила за последен пат му се возвраќа прашањето – има ли нешто таму после или не. Во собата, каде што лежи оној што умира, завесите се затворени, а зад прозорецот се слуша шум од вода. И оној што умира си вели: „Секако дека нема ништо, тоа е толку јасно и очигледно, како и дождот зад прозорецот“. „Но, меѓутоа – забележува Набоков – зад прозорецот блескало радосното пролетно сонце, а станарката од горниот кат полевала цвеќиња на прозорецот, и водата, шумејќи, се излевала на долниот прозорец“.

Кај Набоков имаме едно иронично побивање на сите т.н. „докази“ – да, паѓа дожд, тоа е јасно и очигледно, но во суштина нема никаков дожд – туку сонце.

Затоа, очигледно е дека е непотребно да се обраќаме кон науката со прашањата за задгробниот живот и за она што се случува по смртта. Науката, во суштина, овде нема што да бара, зашто токму и во тоа е работата – науката исклучиво се занимава со овдестраниот свет, и сите нејзини методи, инструменти, хипотези и заклучоци се приспособени само за него, за негово изучување.

Но, ако не кон науката, тогаш кон што? Кон философијата? Да, почнувајќи од самата зора на човечката мисла, философијата се обидувала да даде конечен одговор на ова измачувачко прашање.

o-NEAR-DEATH-EXPERIENCE-facebook

На пример, познатиот дијалог на Платон „Федон“ целосно е посветен на докажување на бесмртноста на душата. Најверојатно, тоа е една од најдлабоките книги, напишани на оваа мачна тема. И секако, неслучајно херојот на една друга литературна творба, во еден роман на Алданов, грчевито ја бара токму таа книга пред да го заврши животот со самоубиство: „Еве сега ќе дознаам, вели тој, има ли нешто таму или не“. Тој нема да ја најде книгата.

Но, сепак, и доказите на Платон се чини имаат ефект само на оние што и без него веруваат во бесмртноста на душата. Не се слушнало во текот на целата човечка историја, некој, откако го прочитал платоновскиот „Федон“, да рече – да, јас порано не верував во бесмртноста на душата, но еве Платон ја докажа неа, и сега јас верувам.

И истото може да се рече за речиси сите философски обиди да се направи тоа, при што дополнителна тешкотија или недостаток на доказите, подобни на платоновските, е тоа што со цел да го потврдат другиот свет, тие, вушност, ја разјадуваат реалноста и вредноста на овој овдестран свет.

„Целиот живот на мудрецот – вели Платон – е едно вечно умирање“. Во вој свет има само страдање, само бесмисла, само промена, значи – таков е аргументот на Платон – треба да постои друг свет, каде сè е среќа, сè е вечност, сè е блаженство, сè е неизменливост. И така, речиси секогаш тука е лошо, затоа чекајте го она што е таму.

Но, токму против развенчувањето на нашиот, единствен за нас познат свет, против неговото негирање, обезвреднување и обесмислување и се случил во светот големиот бунт, токму благодарение на ова се случило големото отпадништво на човекот од религијата. Зашто не е возможно Бог да го создал светот и животот, и сета нивна красота, и сите нивни возможности само заради тоа човекот да ги негира нив и да се откажува од нив во името на непознатиот, само ветен нему друг свет? Бидејќи токму кон тоа повикува религијата, сите религии, тогаш – отфрли ја религијата, можеме и без неа, (туку) да живееме колку што може подобро овде на земјата.

И испаднало така, формално човештвото се поделило на два логори, коишто вечно непријателствуваат еден против друг – зошто? Заради смртта. Заради нејзиното осмислување. Едни во името на ондестраниот, задгробен свет навистина го обезвреднуваат овој свет, овој живот, се предаваат на неговата бесмислица и зло, зашто само таму, велат тие, нема бесмислица и нема зло. Другите во името на овој свет, во името на овде, ја негираат секоја можност на вечноста, но со тоа тие човекот го прават случајна, краткотрајна, привремена појава.

Но, може ли да се признае некое од овие решенија како прифатливо? Зар е вистина ова: изборот што стои пред нас е избор, во крајна линијimages (41)а, меѓу две бесмислици? Од една страна, верата во Бог-Творец – и негирање на Неговото создание, жед да се избега од овој Божји свет; од друга страна, потврдата на светов што ужаснува со својата бесмисленост, зашто оној што единствено може да го ползува и да му се насладува – човекот – во овој свет е случаен гостин, осуден на потполно унишување. И токму оваа бесмислена и страшна дилема и нè приведува кон прашањето што секој од нас треба да си го зададе – како јас, во најпоследната длабочина, се однесувам кон ова неизбежно, на сите нам присушто, постојано прашање за смртта?

Што по овој повод вели христијанската вера, изградена на учењето за победата над смртта и воскресението? – Со овие прашања започнува опсудувањето на мачниот, бесконечно измачувачки проблем на смртта. И можеби, се работи за тоа, дека дошло време кон него да се пристапи со храброст и смирение?

Втора беседа

отец Александар Шмеман

Подготвил: Георгиј Глигоров

Еден коментар

Напиши одговор на cena Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *