За ама (мајка) Сара (13/26 јули)

sara

Еднаш двајца велики старци и отшелници тргнале од Пелусиската гора кај преподобна Сара. Патувајќи, тие меѓу себе зборувале: Ајде да ја понижиме оваа старица. – Кога стигнале кај неа, тие ѝ рекле: Внимавај да не ти се возгордее разумот и да речеш: еве, отшелници доаѓаат при мене, која сум жена. – Преподобната им одговорила: По природа сум жена, но не и по разум.

Таа велела: Ако Му се помолам на Бога да ми даде знаење за сите луѓе, ќе се најдам како плачам пред вратите на секого од нив. Туку подобро да се помолам, срцето да ми биде чисто кон сите.

Раскажувале за мајка Сара: таа тринаесет години се наоѓала во силна борба со демонот на блудот и никогаш не барала да биде избавена од таа борба, туку само повикувала: Боже мој, помогни ми!

За неа се говорело и ова: силно ја напаѓал тој дух на блудот, прикажувајќи ѝ ги суетните нешта на светот; таа, не ослабувајќи во стравот Божји и подвизите, еднаш влегла во својот осамен дом да се помоли. Овде духот на блудот ѝ се претставил во телесен вид и ѝ рекол: ме победи, Сара! – Не те победив јас, одговорила таа, туку Господ Христос.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *