Сестра Васа: Покајанието како постојано рефокусирање

rsz_266__magnifying_glass____v_by_salihagir

– Кога говорите за споменувањето во Црквата, како покајанието се вклопува во тоа споменување?

Како прво, покајанието е промена на правецот. Веројатно ви е познато, дека на грчки μετἀνοια значи „промена на умот“. Тоа не е нешто што се случува еднаш и вие продолжувате да живеете понатаму. Тоа е постојан процес. Сите ние сме „на работа“. И светиите, исто така, биле. Ние постојано го поправаме нашиот фокус.

Ние постојано треба да го поправаме својот фокус. Тоа е како чистење на домот. Вие не очекувате по чистењето секогаш да биде чисто. Тоа иритира, ама така е! Со тек на време, таму повторно ќе стане валкано. Тоа е процес, во кој ние постојано сме вовлечени. А што се однесува до „споменувањето“: кога одите на исповед, која претставува дел од тајната на покајанието, вие всушност обновувате вистински поглед на минатото.

Со други зборови, вашиот човечки разум, вашиот несовршен разум ве оправдува во моментот кога правите грев, и вели: „Сè е во ред, напред.“ И кога конечно се каете за тоа или повторно го менувате својот фокус и си споменувате што сте направиле неправилно, во што сте згрешиле, вие обновувате правилен спомен, т.е. „сеќавање“. Вие кажувате што било неправилно, а што – правилно. (Не треба да се забораваат и добрите нешта што сте ги направиле). Вие исповедате правилна варијанта на минатото.

Ваквото обновување на правилната варијанта на минатото е токму она што се случува, кога пред причестувањето, т.е. за време на Божествената Литургија го читаме Символот на верата, затоа што тој и претставува правилна варијанта на нашето заедничко минато. Така што исповедањето на верата, кога велиме „верувам“ и, од друга страна, често непопуларната традиција на исповед на гревовите пред Причест, всушност, се едно исто со таа разлика што исповедувањето на гревовите е нашето лично минато, коешто го реконструираме, бидејќи неправилно го восприемаме онаму каде што се оправдуваме себеси. А правилната интерпретација на нашето заедничко минато, историјата на спасението, историското предание, се возвестува во Символот на верата.

сестра Васа Ларин

Подготвил: Георгиј Глигоров

Ознаки:

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *