За причестувањето (2)

rsz_1casa_resized

Треба да знаеме, дека Светата Причест ние не ја добиваме како награда или „бонус“ за некои наши подвизи, дека сме биле свети, туку тоа претставува Дар од Бога којшто го примаме од послушност. Никој никогаш нема да биде достоен за Причест, ние неа ја примаме единствено по милоста Божја. Но, ова не значи дека не треба да сме подготвени за да го примиме овој Дар.

Кога сме се крстиле, ние во Крштението сме умреле со Христа за гревот, стариот човек сме го удавиле, а сме се родиле за нов и обновен живот. Сме раскрстиле со гревот и, во таа смисла, секогаш (треба да) сме подготвени за Причест. Но, тоа не значи дека сме безгрешни, напротив, ние постојано се бориме со стариот човек, стариот Адам во нас (Причеста е лек кој ни помага во таа борба, оти, да си споменеме, Христос не дојде за праведните, туку за грешните). Св. ап. Јован вели: има грев за смрт и грев не за смрт (види 1Јн 5,16) и тука можеме да го дадеме одговорот; имено, ако се запазуваме од поголемите гревови (за смрт) кои нè одлачуваат од причестувањето и се бориме со секојдневните слабости (грев не за смрт) кои, пак, не нè изопштуваат од црковната заедница, можеме слободно и редовно да пристапуваме кон светите тајни (како што вели истиот апостол: Знаеме дека секој роден од Бога не греши, но родениот од Бога се пази…,1Јн 5,18). Во поширока смисла, целиот наш живот треба да биде подготовка за причестување, како и самиот тој наш христијански живот да биде плод и резултат од благодатта на причестувањето (Без Мене не можете да направите ништо – вели Христос).

Ако н0_7801d_c9d168fc_Lе го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, нема да имате живот во Себе – ова е императивот кој нè повикува постојано да пристапуваме кон Причеста. Од друга страна, тука е ап. Павле: А човекот нека се испита прво себеси, па потоа нека јаде од овој Леб и нека пие од оваа Чаша, зашто кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува Телото Господово (1Кор 11,29). Се наоѓаме како во некоја стапица: од една страна, ако не се причестиме – нема живот за нас, а од друга, ако не сме достојни (=подготвени) – добиваме осуда. Да се избере непричестувањето како решение, исто така, е грев, затоа што ние се јавуваме како судии за самите себе (а тоа не е правилно). Единствено решение е да бидеме постојано подготвени за примање на светата Причест.

Овој проблем се јавува, затоа што повеќето верници немаат соодветно богословско образование и опит на духовен живот. Односно не постои соодветната катихеза (поука) како што тоа било во минатото. Должноста на свештеникот/пастирот е да им помогне на парохјаните да се осознаат себеси како заедница и да ја подготви таа заедницата редовно да учествува во светите тајни, т.е. да се остварува како Тело Христово во Литургијата. И тоа да биде сознателно учество.

(продолжува)

Прв дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *