За осудувањето (6)
Еден од отците, кога видел некој што греши, со горчливи солзи рекол: овој сега падна, а јас – утре.
Ава Пимен, кога дошол да живее во египетската земја, се случило да живее близу еден брат што имал жена. Старецот го знаел тоа, но никогаш не го укорувал. Се случило жената во една ноќ да се породи и старецот, откако дознал за тоа, го повикал кај себе помалиот брат и му рекол: земи со себе еден сад со вино и дај му го на соседот, зашто тој сега има потреба од тоа. А браќата не ја разбрале неговата постапка. Испратениот направил така, како што му заповедал старецот. Братот, откако го примил тоа во полза и се покајал, по неколку дена ја отпуштил жената, обезбедувајќи ја со неопходното, и му рекол на старецот: отсега се каам! И, заминувајќи од него, си изградил во близина ќелија за себе и од неа одел при старецот. Старецот го поучувал на патот Божји и го придобил (сп. Мт 18,15).