За духовното преуспевање (3)
Ава Касијан раскажуваше за еден отец Јован, началник на киновија, дека бил голем во својот живот. Кога се приближувал кон смртта и одел кон Господа со спокој и радост, го опколиле браќата и барале, наместо наследство, да им остави некоја кратка и спасителна поука, според која би било можно да се достигне совршенство во Христа. Авата, откако зел здив, рекол: јас никогаш не ја творев својата волја, никого не поучував на она што самиот претходно не го исполнив.
Старецот (Тома) велеше: она што самиот го мразиш, не прави го на другиот. Ако не сакаш кога те клеветат, тогаш и ти никого не клевети; ако не сакаш кога те повредуваат, тогаш и самиот никого не повредувај; ако не ти се допаѓа кога те понижуваат, навредуваат, кога ја грабаат твојата сопственост или нешто слично, тогаш и ти не прави го тоа никому. Кој може да го запази овој збор, тој му е доволен за спасение.
Старецот рече: оној што не го прифаќа секого како брат, туку разликува (еден од друг), тој не е совршен.