Сестра Васа: Предбожикно (духовно) чистење на домот

Се проближуваме на празникот на Христовото Рождество. Едно од нештата што ги правиме пред празник е чистењето на куќата или станот пред да ни дојдат гости. Но, ајде да позборуваме за еден поинаков вид на „чистење на домот“, т.е. духовно подготвување за да Го пречекаме главниот Гостин, Кој наскоро ќе се роди во нашиот свет во Витлеем.

Во идеалот, ние постојано треба да сме зафатени со ова дело, со она што јас го нарекувам „Одржување на поредокот во домот“, но ако сте неуредна личност како мене, потребно е повеќе време во посебни пригоди како што е еден голем празник. Да се потсетиме на трите главни дејствија, потребни за Одржување на поредокот во домот:

  1. Самоиспитување;
  2. Молитва, и
  3. Созерцание/Согледување.

Сите овие три нешта не мора да се извршат во истиот редослед, но доколку ги правиме секојдневно, тие нè држат во она што јас сакам да го наречам Божја зона, тие ни ја предаваат Божјата благодат во нашите животи и ни ја откриваат Божјата волја во нашите дела. Ако сме црковни луѓе, овие три нешта ни се од голема помош; првото, самоиспитувањето, ни ни помага и нè води во светата тајна покајание, во која е вклучена и исповедта. Освен нашето секојдневно самиспитување, каде што ја проценуваме работата што треба да се направи при нашето чистење на домот, ние добиваме и благодат на ослободување од теретот, т.е. со самото тоа што го споделуваме пред Бога и друго човечко битие, свештеник. Нашата молитва и согледување се потпомогнати со службите на празникот и нивните текстови, коишто дома најверојатно подолго време ќе ги анализираме.

сестра Васа Ларин

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *