Отец Павел Великанов: За духовниот тоталитаризам
Трет дел од написот во четири дела
Третиот аспект на ова прашање е она што е поврзано со одреден духовен тоталитаризам. Станува збор за жестокото административно потчинување на духовните чеда, кога допуштањето или недопуштањето до Причеста претставува основен начин на управување со паствата. Бидејќи токму причестувањето е најглавен и најпосакуван настан во животот на христијанинот, негова примарна вредност, затоа, според тоа, управувајќи – допуштајќи или не допуштајќи – до Причеста, во рацете ни се појавува човек, кој фактички е без кожа.
Нормално, постојат ситуации кога свештеникот е обврзан да не му дозволи на човек да се причести. Но тие се појавуваат крајно ретко, ако станува збор за воцрковени православни христијани, кои не прават јавни престапи и гревови, не се непријатели на Црквата, и за кои причестувањето во таков момент може да биде за осуда, заради бесчестење на светињата.
Важен момент претставува крајно високото побарување од жестоките и авторитетни духовници. Самото бреме на слободата, дадено од Бога, нашиот човек, особено рускиот човек, се стреми поскоро да го отфрли. За него духовникот не треба да биде едноставно човек, кој заедно со тебе оди кон Христа, туку посредник, кому му се делегираат сите права и целата одговорност за сопствениот живот.
Човекот покажува дека не е способен да ја прими на себе одговорноста за своите постапки и затоа бара некој, на кого би го префрлил тој товар.
Имено затоа кај нас толку се плашат од дискусии, расудувања: во нив веднаш гледаат ризик. Како е можно тоа, започнуваме да расудуваме и одеднаш го подложуваме на сомнеж она што во конкретниот момент за себе го сметаме за несомнено. Сите принципи пропаѓаат, светот – ако ненадејно отецот се покаже дека не е во право? Ох, сум имал прилика да гледам ситуации и кога читањето на толкувањата на Светото писмо треба да биде задолжително усогласено со духовникот – и одеднаш човекот ќе прочита нешто поинаку – а станува збор, нели, за православна литература.
Најстрашното што може да се случи со духовникот е ако застане меѓу човекот и Христа, и со себе Го засенува, или уште полошо – Го заменува со себе Господа. Тогаш, во случај на исчезнување, отсуство, смрт на духовникот, луѓето осознаваат дека нема зошто повеќе да живеат. Тие знаат дека Христос е некаде таму, Христос е далеку, а отецот беше тука, веднаш до нас, секогаш топол, радосен, полн со љубов, добар, сѐ за нив решавал, со сѐ управувал. Сега го нема и тие, како слепи мачиња, не знаат каде да одат.
Таквата ситуација е ненормална, неправилна, затоа што, уште еднаш ќе се повторам, Црквата е силна преку реалноста на присуството Христово во заедницата. Ако во заедницата е Христос, тогаш вистинити се Неговите зборови: „каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму Сум и Јас помеѓу нив“ (Мт 18,20). Ако не веруваме, тогаш сѐ се откинува од шевовите и може бесконечно да се лелека дека нема силни духовници…
протоереј Павел Великанов
Подготвил: Георгиј Глигоров