Неколку факти за светиот пророк Илија

                                                                                    Името на пророкот

Нa-47ие ништо не знаеме за потеклото на пророкот Илија, за неговиот родослов, па дури и неговото име, можеби, не е сопствено име.

„Елијаху“ на староеврејски јазик значи „Јахве е мој Бог“. Постои мислење дека ова име пророкот си го присвоил за време на спротивставувањето со жреците на Ваал.

Проповедник на Единиот Бог

Современиот на Илија цар на Израил, Ахав, и неговата жена Језавела биле идолопоклоници: тие му принесувале жртва на паганското божество Ваал (Језавела потекнувала од Феникијците, коишто му се поклонувале на Ваал, а и самата таа била свештеничка), а кон тоа го поттикнувале и народот. Илија отворено ги изобличувал царот и царицата, стекнувајќи ја на тој начин омразата од последната.

Како казна за тврдокорноста на царот во идолопоклонството, Господ на земјата ѝ испраќа суша. Три години немало дожд од небото, ниту роса. Сушата престанала единствено по молитвата на Илија, со која тој ги посрамил жреците на Ваал.

Тоа се случило на следниов начин:

На планината Кармил, Илија го собрал народот на Израил и жреците на Ваал и предложил да се направат два жртвеника – на Бог Јахве и на Ваал – и да принесат врз нив жртви, без притоа да ги запалат. Ако Ваал ја запали својата жртва со оган од небото, тогаш тој е вистински Бог. Ако, пак, Господ – тогаш вистински Бог е Он.

carmel-3

Ваал, се разбира, „не ја примил“ својата жртва. Бог не само што ја запалил жртвата, туку и дрвата, камениот жртвеник, па дури и ровот со вода, кој по заповед на Илија го опкружувал жртвеникот.

Народот на Израил се покајал и Го прославил Бога, а Илија со своја рака ги убил сите жреци на Ваал, како такви кои го заведувале народот. После тоа, тој Го помолил Бога за дожд и Господ ја услишал неговата молитва.

Жив на небото

Според Светото предание, во историјата на човештвото имало само тројца луѓе, живи земени на небото: апостолот Јован Богослов, Енох и Илија.

elijah_and_the_chariot__image_8_sjpg2167

Притоа, ако за Енох се возможни различни толкувања (во 5-тата глава на книгата Битие за неговото заминување од земниот живот е кажано магливо: го снема, бидејќи Бог го зеде), за Јован знаеме единствено од Преданието, за пророкот Илија конкретно е кажано во Библијата: одеднаш се појави огнена кочија и огнени коњи, и ги разделија двајцата, и се издигна Илија со ветер на Небо (4Цар 2,11).

Илија – Христов претеча

Спilija i jovanоред црковното Предание, засновано на пророштвото на Малахија: Еве, Јас ќе ви го испратам пророкот Илија пред да настапи денот Господов, велик и страшен (Мал 4,5), пророкот Илија ќе биде претеча (претходник) на Второто Христово доаѓање на земјата и ќе биде убиен заради проповедање на Христа, повторувајќи ја на тој начин истата судбина на Јован Крстител, кој дошол во духот и силата на Илија, како Претеча на Спасителот (Илија ќе дојде порано и ќе уреди сè, но ви велам дека Илија веќе дојде, и не го препознаа, а направија со него како што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив (Мт 17,11-12) – вели Христос).

Дека Илија е еден од предвесниците на Христа, сведочат неговите чуда. За време на сушата, која била резултат од гревовите на царот Ахав и на народот на Израил, тој се населил во домот на вдовицата од Сарепта Сидонска, незнабошка по потекло – подобно на тоа како што Христос дошол при народот на Израил кој гинел, но, отфрлен од нив, бил примен од незнабошците.

Во домот на вдовицата Илија го воскреснал нејзиниот единствен син, кој умрел од болест – како што и Христос ќе ги воскреснува мртвите во Својот земен живот.

Уште едно чудо во домот на вдовицата – додека во него се наоѓал пророкот, маслото од садот не завршувало, исто како и брашното – предвестува за чудото со лебовите и рибите, со кои Господ ги наситувал оние што Го слушале.

Илија – Христов собеседник

Дpreobrazenieека Илија е најголем меѓу пророците, Евангелието сведочи со фактот што само тој и Мојсеј се удостоиле да беседат со Христос, за време на Неговото Преображение на Тавор.

Има различни објаснувања, зошто токму тие двајца пророци Христос ги избрал за разговор.

Како прво, Илија, како и Мојсеј, имал опит на непосредно богоопштење: Мојсеј од Бога го добил Законот, а исто така општел со Севишниот толку блиско, колку што е возможно за човекот – Го видел „Бога одзади“ (2Мојс 33). Илија, пак, стоел лице в лице пред Бога, по Негов повик, покривајќи си го лицето со својот плашт (3Цар 19).

Светителот Јован Златоуст изложува друго мислење: „еден умрен и друг, кој сè уште не искусил смрт“, застанале пред Христос за да покажат дека Он „има власт над животот и смртта, и владее над небото и земјата“.

Извор: pravmir.ru

Г.Г.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *