Молитва кон светите ефески отроци (при нарушување на сонот кај малите деца)

rsz_efes7

О, пречудни свети седмочислени отроци, пофалба на градот Ефес и надеж на сета вселена! Погледнете од височината на небесната слава врз нас, кои со љубов вашиот спомен го празнуваме, а пред сè на христијанските младенци, кои од своите родители се доверени на ваше застапништво; испратете го врз нив благословот на Христа Бога Кој рече: оставете ги децата да доаѓаат при Мене; болните меѓу нив исцелете ги, натажените утешете ги, нивните срца во чистота запазете ги, со кроткост исполнете ги, во нивните срца зрна за Божјо исповедување насадете и зацврстете, за да растат од сила во сила, и сите нас, кои стоиме пред вашата света икона и кои вашите мошти со вера ги целиваме и искрено ви се молиме, удостојте нè Царството Небесно да го примиме и со радосен глас таму да Го прославуваме великолепното име на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, во сите векови. Амин!

Извор: Православен молитвеник, Штип: Брегалничка епархија 2008.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *