Биоетика: Абортус (2)

rsz_holy-innocents-02

Дали може да се замоли за тој грев?

Можеби. Неодамна си спомнав за зборовите на еден професор во Богословија, кога на почетокот од 80-тите години дискутиравме за ова убиство – она што се нарекуваше „Оловна мерзост на советскиот живот“. Тој рече: „Навистина, јас сум гревовен човек, зашто одвреме навреме се радувам кога ќе слушнам за корупција, подмитување на чиновници, кражба. Ако не би било тоа, тогаш во право би биле комунистите, кои тврдат дека на земјата е можно да се построи рај без Бога или да се воспита нов човек. Тогаш Христос не би бил потребен на Земјата. А кога гледам како, всушност, луѓето страдаат дури и во „најсовршеното“ општество, значи, сепак, во право се христијаните, кои тврдат дека без Бога ни до прагот не се може“.

Мојата позиција е многу слична. Јас мислам дека би било многу чудно, ако Русија сега би била среќна земја која процветува. Русија не може да биде среќна – земјата, во која на едно родено дете му следат три исчистени, земјата која го зазема првото место во светот по количество на абортуси. Ако ние, граѓаните на земјата, затоплена со крвта на неродените младенци, би живееле богато и среќно, тогаш би можело да се рече: „Боже, Те има ли?“.

Велат дека абортусот е лошо нешто, но во исто време подобро отколку детскиот дом, подобро отколку измачената од болести детска душа…

Во суштина, возрасниот човек обично ги претпочита секои услови на живот, отколку смртта. Понекогаш е готов да се предаде на ропство, да се соочи со тешки услови на постоење, само да го зачува животот… Затоа, подобро да не решаваме за детето – да живее или не. Ајде да му дадеме шанса.

А воопшто, главното прашање кое возникнува при разговорот за биоетиката е прашањето за границите на човечкиот живот. Ајде да го разгледаме! А за тоа е потребен училишен курс, кој би можел да постане основа за вакво опсудување. Студентскиот период е извонредно време кога сè уште се има право на грешка. Кога вие ќе станете лекари, тогаш таквото право веќе нема да го имате. А сега сè уште можеме да „ескивираме“.

Ајде да грешиме, ајде заедно да размислуваме, ајде да подигаме екстравагантни хипотези! Дури и Христијанството нека биде за вас екстравагантна хипотеза. Ајде неа да ја разгледаме, макар како таква, а потоа, можеби, ќе излезе дека таа не толку дива, како што изгледала на почетокот.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *