За бракот (2)

Семејни проблеми

Философија на семејните кавги: најмногу од сè, тие се резултат на прекорите на жената упатени кон мажот, можеби, и заслужени, кои, пReasons Why Men Afraid to Marriageак, мажот тешко ги восприема (гордост). Но, неопходно е да се расчисти, за да се пронајде првопричината на тие кавги, коишто често потекнуваат од страсната желба на жената да го види својот маж подобар, отколку што е тој навистина, а исто така и од нејзината идеалистичка настроеност. Во такви случаи, жената претставува совест на својот маж и потребно е да се примат тие прекори. Мажот, особено во бракот, е склон да се препушти и да се успокои на емпириската даденост. Жената го оттрга од неа и од мажот очекува повеќе.

Во таа смисла, семејните раздори, колку и да е чудно, се доказ за остварениот (а не само проектираниот) брак: и во тој нов човек, кој од двајцата е слиен, жената игра улога на совест.

Еве зошто кавгите меѓу блиските луѓе се дури и полезни – затоа што во огнот на кавгата изгорува сето ѓубре на навреди, недоразбирања, кои понекогаш долго време се насобирале. И после взаемното објаснување и исповед настапува чувството на полна јасност и спокојство – сè е изјаснето, ништо не потиштува. Токму тогаш се ослободуваат возвишените способностите на душата и, еден друг влегувајќи во општење, се договараат за најчудесни нешта, се постигнува потполна еднодушност, потполно едномислие.

reasons-why-marriage-is-good

Љубовта е празник

Во бракот, празничната радост на првиот ден треба да се продолжи на цел живот; секој ден треба да биде празник, секој ден мажот и жената треба да бидат нови и необични еден на друг. Единствен пат до тоа е задлабочувањето на духовниот живот кај секого (од нив), постојаната работа над себе.

Брачната љубов е таква скапоценост и толку е ужасно ако се изгуби, а понекогаш таа заради ситници исчезнува. Ние треба да ги упатиме нашите мисли и напори за зачувување и одолжување (продолжување) на таа љубов (не заборавајќи на нејзиниот божествен карактер). Сè друго ќе си дојде само по себе.

061422b06fff8b3e852637e0c2e822d2

План на поучување за бракот

Теза: Бракот е установа, од Бога благословена: Кана Галилејска, плодете се и множете се (1Мојс 9,1), тајната на бракот, брачната церемонија. Сè за добро.

Антитеза: Добро ви е да останете, како јас (1Кор 7,8); сто четириесетте илјади девственици, кои биле искупени од земјата и не се оскверниле со жена (Откр 14,3-4); скопени, само заради Царството Небесно (Мт 19,12); отсуството на светии, прославени заради семејни добродетели.

Синтеза: (Но не потполна, зашто ништо во нас не е сè уште потполно, а и е заразено со гревот, вклучувајќи го и бракот): Адам и Ева се создадени пред падот; „Песна над песните“; евангелската символика: „свадбената вечера“, младоженецот и невестата – Христос и Црквата, оваа Тајна е голема (Еф 5,32).

отец Александар Елчанинов

Прв дел

Извор: священник Александр Ельчанинов, Записи, Москва, 2004 и протоиерей Иоанн Мейендорф, Брак в Православии, Клин, 2004 (компаративен превод).

Подготвил: Георгиј Глигоров

Еден коментар

Напиши одговор на Makedonka G. Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *