Отец Александар Елчанинов: За бракот (1)

                                                                          (од Записите)

Има два 29877.pпата: живот монашки и живот во брак. Третата состојба – девственик во светот – е премногу опасна, полна со соблазни и не секој е способен за неа. Освен тоа, таквите луѓе претставуваат голема опасност и за оние околу нив: блесокот и убавината на нивната девственост (кога не се сфаќа правилно нејзината религиозна смисла), е нешто привлечно со што би се украсил еден брак, а самото тоа кон себе привлекува и предизвикува несреќни чувства.

Бракот е преображение

Бракот е просвештение, мистерија. Во него се случува потполно преобразување на човекот, проширување на неговата личност, нови гледишта, ново доживување на животот, преку него (човекот) се раѓа во светот со нова полнота.

Но, индивидуализмот на нашето време создава особени тешкотии во бракот. И за нивно преодолевање, неопходни се сознавачки усилби од двете страни над градењето на бракот, да се направи бракот вистинско „одење“ („движење“) пред Бога (само Црквата, вистински, до крај ги разрешува проблемите). Потребно е уште и она што изгледа наједноставно, но и најтешко – решеноста секој во бракот да си го заземе своето место: жената смирено да застане на второто место, мажот да ја земе тежината и одговорноста да биде глава (на семејството). Ако таква решеност и желба има, Бог секогаш ќе помогне на тој тежок и маченички („Свјати мученици…“– во време на кружење околу аналојот), но и блажен пат.

Бракот, плотската љубов – тоа е највеличествено таинство и тајна, зашто преку него се остварува нешто најреално и, напоредно со тоа, најтаинствено од сите возможни форми на човечко општење. Бракот ни дава можност да се издигнеме над обичните правила на човечки односи и да навлеземе во сферата на чудесното и натчовечкото.

Во плотската љубов, освен само нејзе особената вредност, Бог на овој свет му дарувал дел од Својата семоќност: човек твори човек, нова душа влегува во светот.

Полнота на животот

Човекот може да навлезе во структурата на овој свет единствено преку своето семејство.

Ниту мажот, а уште повеќе жената, во бракот немаат апсолутна власт еден пред друг. Насилието над волјата на другиот, па макар да е тоа во името на љубовта, ја убива самата љубов. И тогаш се поставува прашањето: дали треба да се потчинува на такво насилство, штом во него има опасност за најмилиот? Бесконечно количество на несреќни бракови настануваат токму поради тоа што секоја страна се смета себеси за сопственик на љубениот. Речиси сите тешкотии во бракот потекнуваат од ова. Највеличествена мудрост на бракот е да дадеш потполна слобода на оној кого љубиш: нашиот земен брак е подобие на небесниот брак (Христос и Црквата), а таму е полната слобода.

За жената е кажано – „немоќен сад“– „infirmior vasa“. Таа „немоќ“, пред сè, се состои во потчинетоста на жената на природните стихии, во неа самата и вон неа. Последица на тоа е слабата самоконтрола, неодговорноста, страсноста, слепилото во расудувањата. Речиси нема жена која е слободна од тоа, таа секогаш е робинка на своите страсти, на своите антипатии, на своето „сакам“. Само во Христијанството жената постанува еднаква на мажот, потчинувајќи го својот темперамент на повозвишени начела, придобивајќи благоразумност, трпение, способност за расудување, мудрост. Само тогаш е возможна нејзината (вистинска) дружба со мажот.

Колку е жалосен и непотполен животот на девојките, а каква е полнотата на животот на жените. Никаква љубовна романса не може да го замени бракот. Во љубовната романса луѓето се пројавуваат во раскош, во процвет, но тоа не се тие самите, туку нивната привидна (илузорна), накитена реалност, каде што животот на секого од нив е без друго – поза, макар проста и невина.

3078659661_1930e9fe87

Само бракот може на човекот да му дарува полнота на познание на другиот човек; чудото да се почувствува, да се опипа, да се види другата личност е толку неповторливо и единствено, како и познанието на Бога. Од таа причина, може да се каже, дека до бракот човекот (како) да прелетува над животот, набљудувајќи го отстрана, и само во бракот тој се нурнува во самиот живот, влегувајќи во него преку другата личност. Насладата со вистинското познание и со вистинскиот живот го пораѓа чувството на совршена (завршена) полнота и задоволност, кои нас нè прават побогати и помудри.

Деца

Но, таа полнота придобива уште поголема длабочина кога ние двајцата, слиени и обединети луѓе, даваме почеток на трет (човек) – своето дете.

Од овде започнуваат непредвидени тешкотии: наместо сугуба полнота се открива взаемно неразбирање, протести и речиси неизбежното одделување на оној третиот од нас. Двајца не можат да станат совршена (завршена) троица. Зошто е така? Зар е тоа неминовна беда? И можеме ли да преземеме нешто за тоа да не биде така? Оној, кому сме му дале живот, е честичка од нас самите – наша плот, и крв, и душа. Во детето ние ќе ги препознаеме сопствените навики и склоности – од каде тогаш настанува тоа несогласие?

Parents with child

Јас мислам дека совршена двојка ќе породи и совршено дете; таа (двојка) и понатаму ќе се развива според законите на совршенството. Но, ако двојката има некое непобедено несогласие, противоречие, тогаш детето ќе биде син на таа противречност и ќе ја продолжи. Ако сопружниците, наоѓајќи се во антагонизам, само надворешно се помират и не појдат во извојување на нови височини, тоа, несомнено, ќе се одрази и на нивното дете.

Друго објаснување: во детето, заедно со душата и телото, добиени од нас, има и нешто ново, поинакво, индивидуално и суштествено – единствена и неповторлива личност со свој сопствен пат во животот.

И затоа, при воспитанието за детето е најважно – да ги види своите родители како живеат со длабок внатрешен живот.

(продолжува)

отец Александар Елчанинов

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *