Дали може да се сокрива сопственото име на Интернет?

rsz_kuraev_anonim3

– Кои се карактеристичните црти на интернет-комуникацијата?

– Пред сè, овде нема можност за сугестивно, „духовно“ влијание врз соговорникот. Ниту интонацијата, ниту очите овде ќе повлијаат. Значи, останува само голото рацио. И тоа е многу важно за црковните луѓе. Затоа што засилениот товар на разум, кој се дава на Интернет, е способен токму да ги развива оние мускули што се покажаа најатрофирани во црковниот живот во 20 век – мускулите на богословието.

rsz_kuraev_anonim

– Многу интернет-персонажи т.н. виртуели– измислени личности за комуникација се среќаваат на форумите и во чатовите. Дали може православниот да биде виртуел кога присуствува во мрежата?

– Денес ги читав токму писмата на преподобниот Теодор Студит. Тој ја иницирал т.н. „михијанска шизма“, т.е. прво го раскинал општењето  со константинополскиот патријарх, светителот Тарсиј (784-806), а потоа и со светителот Никифор (806-815). Мора да забележам, дека преподобниот Теодор од гледиште на Црквата се покажал дека не е во право, но сепак Црквата со голема почит се однесува кон неговите трудови и го почитува како голем подвижник и богослов. Така, во едно од писмата кон своите собраќа преподобниот Теодор, во форма на неизбежна перлустрација на писмата, означува конкретни лица со букви од грчкиот алфавит. Самиот Теодор се потпишувал со последната буква од азбуката – „омега“, а неговиот духовник, игуменот Платон, го означувала буквата „алфа“. За сите 24 букви од грчкиот алфавит (и за три дополнителни) се пронашле персонажи, коишто со нив биле означувани. Така што тоа не биле првите букви од имињата. Гледаме, дека светиот сметал дека е возможно да не се потпишува со своето име, а други луѓе да споменува под некои, како сега што би рекле, „никови“.

kuraev anonim2

Тој раскол, „михијанската шизма“, возникнал од тоа што имало несогласувања помеѓу светите патријарси (Тарсиј и Никофор) и преподобниот Теодор по прашањето за тоа, каде е границата на возможните компромиси. Патријарсите говореле за принципот на икономијата, за тоа, ако станува збор за власт, тогаш за некои гревови на императорот можат да се затворат очите, а преподобниот Теодор говорел за тоа, дека не може тоа така да биде, затоа што Евангелието е едно за сите, вклучувајќи ги и властите. Како што гледате, тој бил противник на флексибилната икономија, но сепак тој ја допуштал можноста да се сокриваат христијанските имиња.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *