Молитва кон светата великомаченица Варвара

agia-barbara

Света славна и сефална великомаченице Варваро! Ние, кои денес сме собрани во овој свет храм, кои се поклонуваме на твоите свети мошти и со љубов ги целиваме, кои со пофалби ги величаме твоите маченички страдања, а преку нив и Самиот страстоположник Христос, зашто не е доволно во Него само да се верува, туку и да се страда за Него, тебе те молиме, преславна застапничка на нашите надежи: моли се со нас и за нас пред милостивиот Бог, милостиво да нè послуша нас, кои ја просиме Неговата добрина, и да не ги отстрани од нас сите потребни прозби кои нè водат кон спасение и вечен живот, да ни дарува христијански крај на нашиот живот: безболен, непосрамен, мирен, присоединување кон Божествените Тајни, и на сите на секое место, во секаква тага и жалост, кои имаат потреба од Неговото човекољубие и милост, да им ја испрати Својата голема милост, та со Божјата благодат и со твоето топло застапништво, да живееме душевно и телесно здрави и да Го славиме Оној, Кој е славен во Своите светии, Бог Израилев, Кој не ја оддалечува Својата помош од нас, постојано, сега, секогаш и во сите векови. Амин!

Извор: Православен молитвеник, Штип 2008.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *