Светите тајни во Црквата

Се говори дека во Црквата има седум свети тајни (Крштение, Миропомазание, Евхаристија, Свештенство, Брак, Покајание, Маслосвет). Овој определен број е под влијание на западната теологија; во Црквата сè светотаинствено, така што можеме да кажеме дека има повеќе таинства (монаштво, освет на вода, погреб итн.).

Крштение. Преку трикратното потопување во вода, човекот се сопогребува и 7754618_origсовоскреснува со Христос, се раѓа за нов живот и станува нова твар. Со Крштението човекот станува член на Црквата, добива дар на простување на гревовите и станува потенцијален наследник на Царството Божјо.

Миропомазание. 3063859_largeВо раната Црква ова се извршувало со полагање рака. Денес е неодвоиво од Крштението и се врши со помазување на свето миро. Преку оваа тајна човекот го прима дарот на Светиот Дух, т.е. Самиот Дух.

Евхаристија. Ова е Тајна на тајните. Заедницата на верните се остварува како Тело Христово, Црква. Заедницата, возглавена од свештеникот, принесува леб и вино (символ на целото творение) кои по дејството на Светиот Дух се претвораат во Тело и Крв Христови. Причестувајќи се со нив, верните се соединуваат со Христос и еден со друг меѓу себе. Последниве три свети тајни (Крштение, Миропомазание, Евхаристија) во раната Црква се доживувале неодделно како една Тајна на стапување во Црквата. Евхаристијата е Тајна на Христовото присуство, предвкусување на Царството Божјо.

03428_last_supper_dionisios_fentas_1587x839_orig

Во Литургијата мистично се продолжува Тајната Вечера, која Господ им ја подготвил на Своите ученици, а тоа е истата Трпеза која Господ таинствено ја подготвил и во Царството Божјо. Во овој век Трпезата е отворена за сите поколенија на верници, кои го сочинуваат нераскинливото единство на Телото Христово, кое е Црквата. Затоа на православните икони на Тајната Вечера, апостолите го заземаат половината од просторот, а другиот е отворен за нас, за сите оние што ќе пристапуваат кон Причеста до крајот на светот.

Свештенство. Преку ракополагање избрани членови на Црквата добиваат дар на учителско и пастирско служimwgc1MonNQење. Оваа тајна никогаш не била одвоена од Евхаристијата, за разлика од другите кои, од различни причини, биле одделени од неа.

Брак. Два члена на Црквата, маж и жена, стануваат една плот, ново единство, на кое му е дадено благодат за прераснување во совршено единство на љубовта.

02_greek_orthodox_wedding

Покајание (Исповед). Преку оваа тајна, човекот кој со одредени гревови се94474.b изопштил од единството на Црквата, повторно се соединува со неа и учествува во нејзините тајни. Исповедта не е задолжителен услов за причестување. Треба да се прави разлика помеѓу Исповедта како света тајна и духовниот разговор со духовниот отец.

Елеосвештенство 168356.x(Маслосвет). Преку помазување со свето масло се предава благодат за телесно и духовно исцеление. Оваа тајна има корен уште од апостолско време: Болен ли е некој меѓу вас? Нека ги повика црковните свештеници, нека се помолат над него и нека го помазаат со елеј во името на Господа. И молитвата со вера ќе го подигне болниот и ако направил гревови ќе му се простат (Јк 5,14-15). Оваа тајна не се вршела само над болните, туку и над сите верни. Традиционално кај нас за сите се врши на Велики Четврток.

Светите тајни во себе ја содржат идејата на преобразување. Не случајно на Венчавка се чита за свадбата во Кана Галилејска, каде Христос водата ја претворил во вино.

CANA wedding

Имено, се укажува дека старото треба да се преобрази во ново, природниот брак во света тајна. При извршувањето на светите тајни се користат различни елементи од природата: вода, масло, леб, вино. Преку тајните уште сега се пројавува новото создание, Царството Божјо кое сега се предвкусува, но конечно ќе се исполни на крајот од времето, кога сè ќе биде преобразено: времето во Вечност, светот во Црква.

Г.Г.

30 коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *