Што означува овој гест?

icxc4

Потеклото на гестовите со рака

Во древна Грција и Рим постоел утврден систем на гестови со рака што се користел во ораторството и реторството. Еве некои од најупотребуваните. Некои од најстарите зачувани православни икони се најдени во Рим и затоа се верува дека првите православни иконописци ги примениле овие гестови при сликањето на Христос, Неговите светии и ангелите. На пример, на иконата Благовештение, архангелот Гаврил е прикажан со крената рака на начин, кој во древниот свет означувал почеток на важен говор. Ова може да се види во најстарата зачувана икона на Благовештението, а химните на празникот говорат за важната вест што Гаврил ја дал на Марија, така што гестот со раката е соодветен.

angel

Ова ораторско значење најверојатно и е првичниот „извор“ за прикажување на Христос со крената рака, како Оној Кој повеќе од кого било има нешто важно да каже. Како и да е, за секој православен или римокатолички христијанин, десната рака на Исус е крената за да даде благослов. Гестот го повторуваат клириците кога благословуваат, така и светиите на иконите, ако биле клирици, честопати се прикажани како ја држат десната рака на истиот начин. Ова содржи символизам во себе, кој се развил со текот на времето и вреди да се истражи.

Символизмот на благословот

Прстите ги изобразуваат иницијалите (IC XC), четири општораспространети букви кои наскратено го содржат името на Исус Христос на грчки: IHCOYC  XPICTOC. Ние преку името на Исус сме спасени и добиваме благослов: И во името на Исуса да ги преклони колената на сè што е небесно, земно и подземно (Филип 2,10).

Трите прста на Христос – освен што ги изобразуваат буквите „I“и „X“ – го исповедаат и Триединството на Бога: Отецот, Синот и Светиот Дух. Палецот и прстот (коишто се допрени) кај Исус, не ја изобразуваат само буквата „C“, но укажуваат и на Воплотувањето: соединувањето на Божјата и човечката природа во Исуса Христа.

icxc sign

Сличности со будистичката иконографија

Важно е да се истакнат погоре споменатите значења, бидејќи може да дојде до забуна, дури и соблазна, причинета од слични изобразувања на Буда кој ги држи рацете на истиов начин. Како одговор на ова, треба да се имаат предвид неколку работи:

  • Утврдената пракса на овој гест во древното грчко и римско говорништво, коешто го објаснивме погоре, и самата географска локација на Христовото Воплотување како и на раната христијанска Црква, сведочат дека е многу поверојатно гестовите христијаните да ги „позајмиле“ од Римскиот сенат, отколку од учениците на Буда.
  • Има значење зад начинот на кој Христос ја држи Својата рака на иконите; има значење зад начинот на кој Буда ги држи рацете на статуите: но тука завршува сличноста. Симболичните гестови на рака кај Буда се нарекуваат мудри и тие си имаат свое значење и не ја предаваат истата вера како Христовите икони. Ако го отфрламе секој медиум што ја соопштува Вистината, само затоа што некоја друга религија го употребува истиот медиум, тогаш ќе останеме со ништо! Мораме да ги прифатиме сличностите и да ги распознаваме разликите.
  • Само затоа што религијата постоела пред Христовото Раѓање, не значи дека сите учења на Христијанството постоеле пред него. Во врска со будистичките мудри, Витарка Мудра е онаа која најмногу приличи на Христовата десна рака од иконите. Исто така, најстарите претстави на витарка мудра ги претставуваат трите прста исправени, а не свиени. Многу подоцна забележуваме вакви претстави, коишто забележително наликуваат на христијанската иконографија. Оваа претстава е од 8 век по Христа, векови откога иконографијата на Христос е утврдена. Би можеле да запрашаме, која религија влијаела врз другата.
  • Конечно, будистичките мудри се дидактички; тоа се гестови со рака дизајнирани да пренесат порака. Додека Христограмот „IC XC“ е многу повеќе од ова: истовремено претставува и знак и средство за благослов. Статуата на Буда ги држи дланките само така, а неговите следбеници треба да запомнат само некое одредено учење; Христос ја крева Неговата десница, а христијаните добиваат благослов од Бога. Дури и ако Неговите слуги, светиите, ги држат дланките на истиот начин, ние всушност го примаме благословот Божји преку името на Исус Христос.

Извор: iconreader.wordpress.com

Г.Г.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *