Отечки изреки (4)
Патот на смирението е овој: самовоздржание, молитва и да се сметаш себеси за понизок од секоја твар.
ава Титој
Смирението е единственото нешто што ни треба. Ако некој има секакви добродетели, ама нема смирение, може сè уште да паѓа, но со смирението – никој не паѓа.
старец Герман Светогорски
Дури и ако ангел навистина ти се јави, не прифаќај го, туку смири се, велејќи: „Не сум достоен да видам ангел, бидејќи сум грешник“.
отечка изрека