Отечки изреки (3)
Не барај совршенство во законот на човечките добродетели, зашто тој не е совршен во нив. Неговото совршенство е сокриено во Крстот Христов.
свети Марко Подвижник
Не чуди се што паѓаш секојдневно; не предавај се, туку застани храбро. И со сигурност ангелот што те пази, ќе го почести твоето трпение.
свети Јован Лествичник
Човек може навидум да изгледа молчалив, но ако во срцето ги осудува сите, тој непрестајно празнослови. А некој може да говори од утро до мрак, а сепак да е навистина молчалив, т.е. да не кажува ништо неполезно.
ава Пимен